imam vozacko iskustvo od 30 godini kako profesionalen vozac, dali imate potreba od vozac so svoe vozilo skoda octavija , a planiram da kupam i kombi 8+1
Превоз на патници: Приватен автомобил со возач
Превоз со автомобил со професионален возач. Транспорт на патници низ Македонија или од Македонија до друга држава. За да ја добиете вкупната цена потребно е да испратите барање со селектирање на датумот, бројот на лица и да ни ја напишете дестинацијата до која сакате да отпатувате. Во текот на еден ден ќе добиете понуда од наша страна на мејл и на смс.
Опис
Со развојот на платформата на Кајак.мк, се отвори потребата за организиран транспорт на патници низ државата но и надвор од неа. За оние кои бараат организиран транспорт со автомобил со професионален возач кој може да остане да ги чека патниците на локацијата или пак да биде само транспорт од една до друга дестинација, тогаш вие сте на вистинското место.
Кајак.мк во соработка со професионални возачи со долгогодишно искуство ви овозможува брзо изнаоѓање на идеалната опција и понуда за трансфер со автомобил која ќе ви го реализира вашето патување. Нудиме брз, безбеден, модерен и удобен превоз до сите дестинации за вашите потреби.
Без разлика дали
имате потреба за шопинго во Солун или пак до аеродром во Тирана, ние ви стоиме
на располагање.
Нашите превозни
средства се автомобили идеални до 4 лица, со интернет конекција (Во Западен
Балкан), приклучок за полнење телефон, фрижидер.
Селектирајте го датумот кога ви е потребен превоз и број на лица и очекувајте понуда во текот на денот.
Превоз до:
Скопски аеродром
Приштина
Охрид
Солун
Софија
Белград
Ниш
Тирана
и многу други дестинации по ваш избор
Возило и услови
Спецификации:
- Цената почнува од 30 евра на релација Скопје-Скопски аеродром
- Цената варира во зависност од дестинацијата
Услови:
- Храна
Рецензии
Цена за превоз за повратно патување, релација Скопје-Белград за 3 лица. Благодарам!
Почитувани, Ве молам испратете барање за да можеме да ви одговориме на потребите за транспорт. Цените зависат само од рутата, не од времето и бројот на патници. Ви благодариме, Поздрав
Исто так ми треба и за враќање на тројца од софиски аеродром до Скопје на 30 јули. Во 11:15 слетува авионот. Ве молам за цена
Ми треба транспорт до Софиски аеродром за 25 јули, во 6:00 имам лет. Значи би требало да стигнеме во 4:00 на аеродром. Кога се трга, од каде и која е цената?
Sakam cena za 2 osobi od Skopje(naselba Aerodrom) do Pristina avtobuska medjunarodna stanica na 25.01.2025 najkasno so trganje vo 4 casot nautro
Разгледајте повеќе рент-а-кар
Види ги ситеSkopje International Airport
од 1.722 ден