Mi treba 2 aprtamani cetvorokrevetni i 1 trokreveten od 15.08-17.08
Апартмани во централното подрачје на Охрид
Сместувањето се наоѓа во централното подрачје на Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместување во близина на Охридското Езеро
Објектот се наоѓа на одлична локација во близина на Охридското Езеро, Самоиловата Тврдина, манастири и Охридската чаршија, нудејќи удобен престој за поголеми групи и семејства.
Сместување
Објектот располага со 30 соби со различен капацитет:
- соби со 2 кревети
- соби со 3 кревети
- соби со 4 кревети
Вкупниот капацитет е 90 кревети.
Секоја соба располага со:
- сопствено купатило
- балкон
- телевизор
На приземјето има заедничка, целосно опремена кујна која е достапна за користење од сите гости.
Капацитет и опременост
- Максимален капацитет: 90 гости
- Бесплатен Wi-Fi
- Приватен паркинг
Локација
Во непосредна близина на сместувањето има:
- маркети
- продавници
- аптеки
- ресторани и кафулиња
- пекари
Објектот се наоѓа во мирно соседство, со мешано население од староседелци, млади, возрасни и семејства.
Информации за престојот
- Check-in: од 14:00 часот (флексибилно со договор)
- Check-out: до 11:00 часот (флексибилно со договор)
- Клучот се подига од сопствениците на сместувањето.
- Постелнината и пешкирите се менуваат со договор.
Дополнителни информации
- Домашни миленици се дозволени со претходна најава.
- Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на кревет 1.250 денари од ноќевање
- Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Ладење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Zdravo me interesira dali imate slobodna soba,za dve osobi,i od koga,i dali cenata e 600den.od krevet.odnapred vi blagodaram
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 23 гости
- 23 кревети
од 2.200 ден