Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Дрвена вила во Борова шума на Пониква

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 6
Кревети: 6
Check In: 14:00
Check Out: 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано
Дрвена Куќичка

За сместувањето

Приватна вила опкружена со природа

За сите кои бараат изнајмување на вила и целосна приватност, оваа вила е една од подобрите опции во регионот. Сместена е на само 50 метри од манастирот „Св. Василиј“, опкружена со мирна природа и борова шума, што ја прави идеално место за одмор и релаксација.

Комфорен сместувачки капацитет

Вилата располага со удобно дневно катче, трпезарија и целосно опремена кујна. На располагање има едно купатило и три спални соби, а секоја соба е опремена со брачен кревет.

Двор и простор за уживање

Во дворот на вилата има скара, совршена за дружење и подготовка на оброци на отворено. Едно од најубавите доживувања за време на престојот е прекрасното зајдисонце, кое може да се следи секојдневно директно од вилата.

Опремена кујна и погодности

Кујната е опремена со плински шпорет, електрична рерна, фрижидер, електрична скара, тостер и апарат за кафе, како и комплетен прибор за готвење и јадење. Вилата располага со Wi-Fi интернет, приватен паркинг, а до неа се пристигнува по асфалтен пат.

Идеална локација за љубители на природата

Оваа вила е особено погодна за гости кои бараат мир, тишина и приватност, бидејќи околните објекти се на поголема оддалеченост. Во близина има пешачки патеки и ски-лифт, што ја прави одличен избор во текот на целата година.

Дополнителни информации

За гостите се обезбедени крпи и чиста постелнина, а при подолг престој достапна е и дополнителна промена на постелнината.

Домашни миленици не се дозволени.

Во рамките на вилата има и простор за складирање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за едно ноќевање надвор од зимската сезона е од 5.600 денари за двајца
  • Цената за едно ноќевање во зимски период е околу 9.500 денари
  • Цената за изнајмување на вилата во работни денови е пониска
  • Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и од периодот
  • Греење
  • Приватен паркинг
  • Wi-Fi
  • Топла вода
  • ТВ

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

5,0 · 1 рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Amina Ahmetović 18.01.2026 09:08
Верифициран
Daniel Kozinkov 05.01.2025 23:37
Неверифициран

Zdravo da prasam za vilata data 11 i 12ti?

Teodora Andovska 12.12.2024 15:07
Неверифициран

Zdravo, dali e slobodno od 30.12 do 02.01 za cetvorica i koja e cenata ?

Marija n 02.12.2024 19:45
Неверифициран

Dali kma slob.od 02 do 05 jan. Za 6 voz i 6 deca

Petar Iliev 12.11.2024 21:41
Неверифициран

Zdravo, sakam da prasam dali e slobodno od 31 dekemvri do 1 vi januari i koja cena e od nokjevanje?

Zaklina Krsteva 29.01.2024 23:45
Неверифициран

Nie sme so Mali decinjata sakam da e toplo

Sandra trpeska 15.01.2024 10:19
Неверифициран

Zdravo sakav da ve prasam dali ima slobodno za sredina na februari za dvajca vozrasni i dve mali deca .I cena kolku e od vecer pozz

Klara Kostova 10.09.2022 23:18
Неверифициран

Zdravo, Sakam da prasam dali e slobodna vilata za Nova Godina i koja e cenata za dve nokevanja. Pozdrav

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од5.600 ден