Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Планинска вила во Нижеполе

Bitola 5,01 рецензии

Вилата е сместена во село Нижеполе. Во околината на вилата има прекрасна природа. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 10
Кревети: 8
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За сместувањето

Вила во село Нижеполе – Пелистер

Вилата се наоѓа во селото Нижеполе, во прекрасна природна средина со отворен и релаксирачки амбиент и поглед кон врвот Пелистер. Лоцирана е на само 10 км од центарот на Битола.

Опкружена со природа, вилата нуди мир, приватност и идеални услови за одмор во текот на целата година.

Сместување и простор

Вилата се простира на два спрата и располага со голем двор кој вклучува:

  • Скара на отворено
  • Детско катче
  • Приватен паркинг

Распоред на вилата

На располагање се:

  • Две спални соби со двокреветни кревети
  • Целосно опремена кујна
  • Две бањи

Горен спрат:

  • Две соби со брачен кревет + дополнителен кревет
  • Отворен простор со брачен кревет пред собите

Долен спрат:

  • Дневен простор со кујна и трпезарија

Капацитет

Вилата има капацитет за 8 до 10 лица.

Поглед и атмосфера

Балконите нудат прекрасен поглед кон Националниот парк Пелистер, што ја прави вилата особено погодна за релаксирачки престој во природа.

Идеална е за семејства, млади брачни парови и групи кои сакаат мирен одмор, далеку од градската врева.

    Цена и услови

    Вклучено во цена:

    • Цена за наем на цела вила за 4 лица е 4.000 денари
    • За повеќе од 4 лица цената е повисока
    • Цената е повисока и за празници и ек на сезона
    • Греење/Ладење
    • Приватен паркинг
    • Wi-Fi
    • ТВ
    • Опремена кујна

    Не е вклучено во цена:

    • Транспорт до сместувањето
    • Храна

    Локација

    *Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

    Рецензии

    5,0 · 1 рецензии

    Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

    Билјана Мурџевска 11.08.2025 21:40
    Верифициран

    Комотен престој со широк двор, прекрасни погледи кон планинските масиви, зеленило, вода, сонце и ѕвезди... И најљубезни домаќини ⛰🤗🐕🌄🇲🇰

    Laze Arsovski 18.04.2026 01:25
    Неверифициран

    Zdravo dali e slobodna vilata od 01.05.2026 do 03.05.2026 i koja e cenata za 10 dusi

    Разгледајте повеќе сместувања

    Види ги сите

    Истражете дестинации

    од3.500 ден