Дали имате слободно од 21 до 24 Август два апартмани за две фамилии по две дечиња? Поздрав
Апартман во близина на автобуска станица, Охрид
Нов апартман на 100 метри од новата автобуска станица во Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Нов апартман на 100 метри од новата автобуска станица во Охрид. Апартманите располагаат со сместувачки капацитет за две, три и четири лица. Секој апартман е со сопствена целосно опремена кујна, купатило, бесплатен интернет WI-FI, 24 часа топла вода преку соларни сончеви панели, клима инвертер, ТВ, кабелска.
Сопствено големо дворно место во склоп на апартманите и бесплатен паркинг за капацитет од 6 возила.
Целиот објект е под 24 часовно видео надзор.
Во дворот има катче за забава на децата.
Апартман број 1 е за 3 лица: Еден брачен кревет и еден единечен за дете
Апартман број 2 е за 4 лица: Еден брачен кревет и еден на спуштање
Апартман број 3 е за 2 лица: Два единечни кревети со можност да се спојат како брачен кревет.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартман се движи од 3000 денари па нагоре
- WI-FI
- Паркинг
- Безбедносни камери
- Двор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до апартманот
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Ve molam za info dali imate sloboden apartman za 3 lica vo periodot od 29 juli do 2 avgust. Vi blagodaram
Здраво, дали имате апартман слободен за 2 возрасни и 2 деца з априод од 30 јули до 2 август. Колку е цената на сместувањето во тој период