Моментално не работи Супер домаќин

Лесновска куќа: Лесново

Lesnovo

Куќата се наоѓа во непосредна близина на лесновскиот манастир. За резервација потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете цена, а потоа можете да потврдите. Резервациите по мејл се најбезбедни.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 15
Кревети: 15
Check In: 14:00
Check Out: 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За сместувањето

Објектот располага со 4 апартмани со капацитет за 15 лица и сите 4 можат да бидат двокреветни, трoкреветни и четворокревтни.

Секоја просторија е климатизирана, со бања, тв, фрижидер, тераса, фен, бесплатно кафе и чај и електричен бокал.

Апартманите немаат кујни, но затоа домаќините приготвуваат домашна храна по нарачка од гостите.

Објектот има бесплатен Wi-Fi.

Во близина на објектот има доволно место за паркирање.

Соседството е мирно и тивко.

Check in: 14:00 часот
Check out: 12:00 часот

Клучот се подига од домаќините.
Постелнината се менува на секој четврти ден.

Во околината може да се посетат голем број манастири, рачно создадени пештери, гостите имаат можност да пешачат до околните врвови и самиот регион нуди прекрасни панорамски погледи.

Смесувањето не дозволува влез на домашни милениси, а има простор за остава на велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Еднокреветна соба 2.200 ден за едно ноќевање
  • Двокреветна соба
  • Трокреветна соба од 2,750 ден за едно ноќевање
  • Четворкреветна соба од 3,500 ден за едно ноќевање
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Zora Trpcevska 03.09.2024 13:38
Неверифициран

Za cetvrtok i petok za 3 osobi vozrasni (roditeli so sin) znaci 2 nocevanja dali imaslobodno i kolku bi cinelo po nocevanje? Blagodaram pozdrav Zorica Trpcevska

Dragan Popovski 20.05.2024 16:22
Неверифициран

Pocituvani, dali imate slobodna soba za deneska za 2ca

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации