Планинско сместување близу езеро: Охрид

Ohrid

Апартмани и вили за изнајмување. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 14
Beds: 9
Check In: 12:00
Check Out: 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Дрвена Куќичка
Несекојдневно
Гастрономско

За сместувањето

Сместувањето се наоѓа над населбата Св. Стефан, во близина на село Шипокно, на 1.5 км од главниот пат. Патот до вилата е неасфалтиран на 1.2 км, но е прооден со кола.

Објектот располага со 2 соби (една двокреветна со брачен кревет, друга трокреветна со брачен и единечен кревет), 1 апартман за максимум 5 лица (3 единечни кревети на долниот кат и 1 брачен на горниот кат) и 1 бунгалово за максимум 4 лица (брачен кревет на горниот кат и софа на долниот кат).

Сите соби имаат приватен тоалет и балкон со поглед на езерото.

Објектот има летна кујна целосно опремена со скара и фурна, а во склоп на кујната има и голема тераса.

Достапни се бесплатен Wi-Fi и приватен паркинг. Клучот се подига од сопствениците, кои ги чекаат гостите на локацијата. Постелнината и пешкирите се менуваат на третиот ден.

Максималниот капацитет е 14 гости. Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Објектот се наоѓа недалеку од напуштеното село Шипокно, кое претставува атракција за гостите. Во близина се и село Коњско и село Велество, на 3 километри, а сите овие места се поврзани со пешачки патеки.

Локацијата е во мирна и тивка планинска област, изолирана од гужвата.

Соседството е мирно и без галама.

Check-in: 12:00 - 14:00
Check-out: до 10:00 часот наутро

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица
  • Цена за бунглаов во сезона е 60 евра
  • Ладење/Греење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Отворена летна кујна
  • Можност за доплата за доручек, ручек и вечера со претходен договор.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Александра Илиева 29.05.2022 23:13
Неверифициран

Рајот на Земјата Дефинитивно вреди да се посети местово. Тивко, на само неколку км од градот далеку од вревата. Изобилство на природа, место за кое се чувствува дека е изработено со многу љубов. Сопствениците се крајно пријатни луѓе, многу е чисто и има прекрасен поглед кон езерото. 10 ка е малку за местово!!!

Зорица Стојанова 12.01.2022 11:05
Неверифициран

Чиста 10ка. Прекрасен поглед, убав двор, чисто, пријатно и топло сместување, културни, тивки, гостопримливи домакини. Силно го препорачувам ова сместување, за сите љубители на мирен, изолиран одмор со потполна приватност.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3,690 mkd