Здраво сакам да прашам која е цената за бунгалов од 16 јули до 19 јули . Прашувам за 9 особи . Благодарам и дали може да ме контактирате на 078 389 976.
Бунгалов во Шипокно
Сместување во Шипокно. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместувањето се наоѓа во село Шипокно и располага со два апартмани и едно бунгалово, едниот апартман има капацитет за 2ца (брачен кревет) , другиот апартман има капацитет за 3ца (брачен кревет и кревет на спрат), бунгаловото има капацитет за 2ца но по потреба се пушта каучот и собира вкупно 4ца (еден брачен кревет и кауч на пуштање). Сите имаат посебен тоалет и балкон, заеднички се само летната кујна и дворот. Оваа година сместувањето нуди и појадок, ручек или вечера, која им се нуди како опција на гостите.
Двата апртмани имаат клима уред, одделни тоалети и сопствени терасаи. Апартманите се дел од базата на Кајак.мк и нив можете ад ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
Бунгаловото има тоалет и
своја тераса.
Бунгаловото има
заедничка кујна која е целосно опремена.
Објектот има Wi-Fi.
Располага со
приватен паркинг.
Максималниот
капацитет е за 9 лица.
Соседството е
природа. Сместувањето се наоѓа во планинска област каде е мирно и тивко.
Check in: 13:00- 17:00
Check out: 09:00- 12:00
Клучот се подига
до соствениците на вилата
Доколку гостите
останат подолго од 7 дена се менуваат постелнините и пешкирите.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за оставање на велосипеди на безбедно.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- 2.152.5 денати е цена за наем на апартман
- 7.400 денари е цена за наем на бунгалов
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
- Опремена кујна
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.