Me interesira dali imate sloboden termin od 17.01 do 20.01, za dvajca vozrasni I edno dete 10 God., kolku e cenata... blagodaram I srekjni praznici
Кораб Трница
Можете да извршите резервација во Комплексот Кораб Трница со испраќање на барање за резервација, по барањето ќе добиете одговор со вкупна цена. По одговорот можете да потврдите резервација. Пракикувајте резервации по мејл, така е најсигурно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместувачки капацитети
Сместувачките единици се распоредени во два објекта и вклучуваат:
- Бунгалови и делукс бунгалови
- Апартман за најмногу 4 лица
- ВИП апартман за најмногу 4 лица
- Двокреветна делукс соба
Една од сместувачките единици располага со две спални соби со брачни кревети, пет единечни кревети, пространа дневна соба со софа и трпезарија.
Собите во хотелот и планинската куќа имаат телевизор. Хотелските соби дополнително располагаат со мини-фрижидер.
На гостите им се достапни Wi-Fi и бесплатен приватен паркинг. Вкупниот капацитет на комплексот е до 55 гости, во зависност од распоредот по соби и апартмани.
Локација и природа
Комплексот се наоѓа во селото Трница, на патот кон Дебар, во тивка и мирна област. Опкружен е со планински пејзажи и нуди поглед кон Бистра, Кораб и Шара. Во комплексот има пешачки патеки, а во близина се наоѓа и кањонот на реката Радика.
Локацијата е погодна за одмор во природа, како и за планинарење, јавање коњи и велосипедизам. Љубителите на планинарењето можат да го посетат и врвот Кораб.
- Мавровско Езеро: 5 км
- Манастир „Св. Јован Бигорски“: 18 км
- Дуфски Водопад: 20 км
Содржини и услуги
Комплексот располага со ресторан, рецепција, сала за деловни состаноци, лоби и продавница со млечни и месни производи, слатко, мед и вино.
За најмладите има детско игралиште и детски велосипеди. Гостите можат бесплатно да користат велосипеди и опрема за риболов. Достапни се и организирани тури со коњи, погодни и за почетници.
Ресторан „Кораб Трница“
Ресторанот, основан во 1974 година, е целосно реновиран и го задржал својот автентичен изглед. Има летни тераси, рибник со речна пастрмка и фонтани. Дрвените столбови, каминот и мермерните детали создаваат пријатна атмосфера.
Се служи традиционална македонска кујна. Меѓу специјалитетите се качамак подготвен по стар рецепт и сервиран со овчо кисело млеко, „Кораб кашкавал“ или „трничко сирење“, како и рекански пити, јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо, риба и други јадења.
Корисни информации
- Пријавување: по 14:00 часот
- Одјавување: до 11:00 часот
Персоналот е на располагање за потребите на гостите. При престој подолг од 7 дена, постелнината и пешкирите се менуваат. Домашни миленици се дозволени, а на гостите им е обезбеден безбеден простор за оставање велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за двајца од ноќевање од 4.500 денари
- Цените се истакнати во описот
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
- Бесплатни велосипеди
- Бесплатна риболовна опрема
Не е вклучено во цена:
- Доручек, ручек или вечера
- Транспорт до сместувачкиот капацитет (може со доплата)
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Zdravo,sakam da prasam dali ima sloboden bungalov za 2 osobi? So domasno milenice kuce? Za 20ti januari? Edno nokevanje?
Zdravo, Dali ima slobodno smestuvanje za 30,31 Dekemvri ?Vkupno za 7 lica, 4 vozrasni 2 deca 11 I 5 godini I bebe. Vi blagodaram