Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Вила во село Дулица

Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 6
Кревети: 4
Check In: 10:00
Check Out: 09:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано

За сместувањето

Сместување
Вилата располага со 2 соби, од кои едната е со брачен кревет, а другата со два поединечни кревети. Во дневниот простор има гарнитура на развлекување со можност за спиење.

Тераси и поглед
Собите имаат убави тераси со поглед кон Калиманското езеро, што овозможува мирен и релаксирачки престој.

Кујна и опрема
Вилата има целосно опремена кујна погодна за подолг престој.

Wi-Fi и паркинг
Сместувањето располага со Wi-Fi и приватен паркинг простор.

Капацитет
Максималниот капацитет е 4 до 6 лица.

Локација
Вилата се наоѓа во близина на езерото Калиманци, а Македонска Каменица е оддалечена 4 км. Соседството е мирно и погодно за одмор.

Check in / Check out
Check-in: 10:00 часот
Check-out: 09:00 часот
Клучот се подига од сопствениците.

Правила и дополнително
Постелнината се менува редовно. Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за оставање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица е 3.500 денари од ден (за цела вила)
  • За повеќе лица, цената варира во зависност од бројот на гости
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Бесплатна достава на нарачки од ресторанот „Златина“

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

5,0 · 3 рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Dragan Cvetkovski 12.10.2026 00:03
Верифициран
David Angeleski 04.05.2026 19:16
Верифициран
Стефан Стојчевски 23.03.2026 11:34
Верифициран

Топла препорака за вилата, условите се одлични, средена и чиста. Со убав и чист поглед кон езерото, градот исто така е на мала одалеченост. Благодарност до сопственикот за љубезноста и достапен во секое време!

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.500 ден