Odlicen hotel za milenici. Nie go ostavivme na cuvanje naseto maltezerce koe ima epilepsija i e malku agresivno. Timot tamu super se snasol so nego. Nie sme prezadovolni i koga bi imale potreba bi go ostavile pak tamu na cuvanje. Sekoja preporaka 10/10 :)
Хотел за миленици: Брвеница, Тетово
Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Хотелот се наоѓа
во село Брвеница и располага со 8 апартмани за 8 миленици во исто време.
-
Работно време:
Понеделник до петок
07:30 – 19:00
Сабота
10:00 – 19:00
Недела и празници
10:00 – 14:00
Во хотелот може да престојуваат кучиња и мачки
Услови кои мора да ги исполнуваат милениците/гостите:
- Миленикот мора да е микрочипиран и редовно вакциниран
- Миленикот мора да е редовно прочистуван од надворешни и внатрешни паразити
- Миленикот не смее да е инфициран од заразна болест
- Миленикот не смее да покажува агресија кон луѓе или други животни
- Сопственикот мора да донесе валидна документација за миленикот (пасош)
- Миленикот не може да престојува доколку не ги примил/или нема потврда дека ги примил првите puppy/kitten вакцини
Цени:

Имајќи ги предвид безбедноста и удобноста на милениците,
како главен фокус на хотелот е да создадат современ престој во кој миленичињата
ќе се чувствуваат релаксирано за време на престојот. Токму затоа, Неда вели
дека може да сместат до 8 миленици во исто време, а кои ќе престојуваат во
сопствени, приватни апартмани.
Во овој хотелможе да престојуваат кучиња и мачки. Бидејќи
секој миленик е посебен – сместувањето нуди програма која е специјално
дизајнирана според потребите на секој миленик. Сите миленици престојуваат во
апартмани кои се под 24/7 надзор преку видео камера, во простории со
вентилација и регулирана температура. Внимателно се пристапува кон задоволување
на потребите на секој миленик, вклучително и придржување кон одредени рутини за
исхрана и физичка активност и администрација на лекарства.
Кучињата имаат пристап кон игротека во затворен простор и
игротека (двор) на отворено, каде имаат можност за дружење и социјализација со
други кучиња (по желба на сопственикот) под надзор на вработените или можност
за самостојна игра и физичка активност.
Со оглед на тоа што
хотелот за миленици е дел од ветеринарна клиника, со високо обучен кадар,
милениците освен што имаат 24/7 нега од страна на доктори и техничари по
ветеринарна медицина и исто така, имаат и опција за одредени медицински
интервенции. Во склоп на клиниката,
се наоѓа и груминг салон, па за време на престојот миленикот има опција за
дополнителни груминг третмани.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Најниска цена од ден
- Цените варираат во зависност до расата, деновите и периодот
- Погледнете ги цените во опис на текст
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Imam zlatna reteiverka vakcinirana i stelizirizana stara 7 godini poradi preselba potrebno e da ja zgrizime na poveke od 1 mesec pa Ve molam dali imate takvi uslivi i za koja cena
Mozete mi se javit da mi posaljete neki br telefona .
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 4 гости
- 2 кревети
од 2.100 ден