Се изнајмува цело сместување

Апартман на Копаоник

Srbija

Испратете барање за резервација со пополнување на он-лајн формуларот. Поради сигурност на гостите и домаќините резервации се вршат исклучиво со поплнување на барањето и потврда на е-мејл која ќе ви пристигне по испратеното барање.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 4
Beds: 2
Check In: 13:00
Check Out: 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Pool
Clean Air

За сместувањето

Апартманот се наоѓа во комплекс каде имате на располагање затворен базен и спа центар.

Сместувањето е идеално за едно семејство или за еден пар кој сака апсолутна приватност.

Самиот објект има прстор за деца, ресторан за ручек, со можност за доплата за полупансион, организиран превоз до ски центарот и спорски терени.

Апартманот има еден брачен кревет и еден кревет на развлекување. Апартманот нема одделна спална соба, само преграда во дневниот престој.

Апартманот има опремена кујна, купатило и тераса.

Кујната е комплетно опремена со плотна за готвење, фрижидер, кафе апарат, тостер и друго.

Апартманот има Wi-Fi.

Бесплатен паркинг има пред објектот, а со доплата може во гаража.

Максимален капацитет е за 4 гости.

Апартманот се наоѓа во викенд ски населбата.

Check in: 13:00 до 22:00 часот
Check out: 08:00 до 10:00
часот

Клучот се подига од одговорно лице за апартманот или гостите може да се сместат со self check in.

Постелнината и пешкирите се менуваат по договор.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици и нема простор за остава на велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на апартаманот се движи од 30 до 100 евра
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Базенот и спа центарот е со доплата на лице место

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3,350 mkd