Почитувани, Ве молам за Инфо дали оваа Вила се изјамува на 2 месеци. од 10 Јули до 10 септември и која би била цената? Фала Весна Потевска
Сместување во Лагадин
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместувањето се наоѓа во населбата Елешец, на само 20 метри
од плажата Атлантик и нуди прекрасен поглед кон Охридското Езеро.
Објектот располага со три комфорни соби, дел од нив со
брачни, а дел со поединечни кревети. Сите соби се опремени со плакари и нудат
удобност за секој гостин. Гостите ги делат заедничките простории, како што се
дневниот престој и кујната. Просторот е уреден, а кујната е целосно опремена со
прибор за готвење.
Сместувањето има капацитет за максимум 6 лица и едно дете,
што го прави идеално за семејства или помали групи. На располагање е и приватен
паркинг.
Околината е мирна, со непосредна близина до шума која нуди
можности за прошетки и релаксација во природа. Лагадин е локација која совршено
ги спојува шумата и водата, обезбедувајќи уникатна атмосфера за уживање.
Карактеристики:
Прекрасен поглед кон езерото
Мирна околина
Целосно опремена кујна
Приватен паркинг
Детали за престој:
Check-in: по 13:00 часот
Check-out: до 10:00 часот
Постелнината се менува за време на подолги престои.
Домашни миленици не се дозволени.
Гостите се пречекуваат од сопственикот, кој лично им го
предава клучот и им стои на располагање за дополнителни прашања. Во близина се
наоѓаат атракции како планината Галичица и Манастирот Св. Наум, идеални за
истражување и авантури.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила од ноќевање
- Приватен паркинг
- ТВ
- Wi-Fi
- Опремена кујна
- Ладење
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.