Нов и модерен апартман во Маврово со две спални соби
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Апартман во Маврово – непосредно до ски-патеката и жичарницата
Апартманот се наоѓа во новиот станбен комплекс во Маврово, на одлична локација, непосредно до ски-патеката и жичарницата. Опкружен е со прекрасна планинска природа и нуди поглед од сите простории.
Апартманот располага со четири простории, од кои две се спални соби, опремени со душеци Aloe и Latoflex подлоги за дополнителна удобност.
Сместувањето вклучува дневна соба, две спални соби, бања, трпезариска маса и тераса. Кујната е целосно опремена и ги има сите потребни елементи за пријатен престој.
На гостите им се достапни Wi-Fi, телевизор и Магенда. Обезбеден е приватен паркинг со далечинско управување.
Максималниот капацитет на апартманот е 4 лица.
Локација и околина
Апартманот се наоѓа во планинско опкружување, со прекрасен поглед и одлично соседство. Неговата локација овозможува лесен пристап до ски-патеката и жичарницата. На располагање има и надворешен простор за оставање велосипеди.
Информации за престојот:
Check-in: 12:00 часот
Check-out: 10:00 часот
Клучот се подига по претходна координација со домаќините.
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, доколку престојот е подолг.
Домашни миленици не се дозволени.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цената за наем на апартманот се движи од 6.159–12.318 денари од ноќ
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркиг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.