5 ✨
Хотел Капри: Битола
Хотел во Битола. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Хотел и ресторан КАПРИ *** – Битола
Локација
Хотел и ресторан КАПРИ *** е категоризиран со 3 ѕвезди и се наоѓа во мирен и пријатен дел на периферијата на град Битола, помеѓу патот кој води кон Охрид и патот кон Пелистер.
Локацијата овозможува лесен пристап, а истовремено гарантира мир и одмор, далеку од градската бучава. Опкружен е со природа и нуди пријатна атмосфера за одмор и релаксација.
Сместувачки капацитет
Хотелот располага со вкупно 20 сместувачки единици:
- 12 двокреветни соби со одвоени кревети
- 1 двокреветна соба со брачен кревет
- 1 двокреветна соба со одвоени кревети + дополнителен кревет (можност за брачен кревет)
- 1 соба со брачен кревет + еден единечен кревет
- 2 студија со 3 одвоени кревети + дополнителен кревет (за 2 лица)
- 3 студија со брачен кревет + дополнителен кревет (за 2 лица)
Опременост на собите
Сите соби се опремени со ТВ, Wi-Fi интернет, биро со столица или табуретка, наткасни, шкафче со полици, фен за коса, мини фрижидер и телефон.
Студијата дополнително располагаат со кауч или гарнитура, мали масички за дневна употреба и фотељи во дел од сместувачките единици.
Купатилата се опремени со основни хигиенски средства (гел за туширање, течен сапун, чепкалки за уши) и пешкири за лице и тело.
Сервис и удобности
Бесплатен Wi-Fi во целиот објект.
Приватен паркинг за до 80 возила (бесплатно).
Капацитет
Максимален сместувачки капацитет: 45 лица.
Банкет сала: до 300 гости.
Ресторан со два дела: 60 и 40 гости.
Позиција и оддалеченост
Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Баба и има одлична поврзаност со важни локации:
5 км до ски центар Ниже Поле
9 км до Пелистер
3 км до центарот на Битола, Саат кулата и старата чаршија
3 км до градското шеталиште
4 км до Хераклеа
Околина
Локацијата е тивка и надвор од градскиот метеж. Од собите се пружа поглед кон Пелистер или кон градот и околните ридови.
Во близина се наоѓаат голем маркет, бензинска пумпа, салони за мебел, салон за автомобили, меѓународна осигурителна компанија и црквата Св. Архангел Гаврил.
Check-in / Check-out
Пријавување: по 13:00 часот
Одјавување: најдоцна до 12:00 часот
Одржување на соби
Собите се чистат секојдневно со отстранување на отпад и промена на пешкири по потреба. Постелнината се менува на секои 3 ноќевања.
Домашни миленици
Домашни миленици се дозволени по претходен договор за термин, доколку сопствениците обезбедат соодветно легло за миленикот.
Дополнителни содржини
Простор за велосипеди на службениот влез од хотелот
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Минимална цена за едно ноќевање за 2 лица од 3.707 денари
- Цените се изразени во описот и варираат во зависност од периодот
- Појадок
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Почитувани, дали има слободна двокреветна соба за 20,21 и 22 август? Поздрав, Наташа
Poštovani, Interesuje me cena po osobi za vaš hotel. Za 9 osoba ukupno. Period 22/23.07 i 23/24.07.2022 god. I kažite mi gde se hotel nalazi, pošto nisam mogao da vidim. Unapred zahvalan Zoran Djukić - Beograd