Одлична вила, прекрасен газда, имаше се што е потребно за едно друшто со деца да си одмори. Топла вода клими и греалки, ќебинја пернички. Во секоја соба си имаше тоалет. Надвор има прекрасен летниковец и дворче со тревичка. Има поглед на ецерото и паркинг за 3 коли. Дефинитивно би отишле повторно.
Вила во Стар Дојран со прекрасен панорамски поглед
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Опис на сместувањето: Вила во Стар Дојран
Добредојдовте во нашата пријатна вила, сместена во мирната околина на Стар Дојран. Ова сместување нуди удобност, практичност и мирна атмосфера, идеална за релаксирачки одмор.
Сместувачки единици
Вилата располага со 5 целосно опремени апартмани, дизајнирани за удобен и пријатен престој.
Опременост во секој апартман
- Брачни кревети
- Целосно опремена кујна
- Телевизор и интернет
- Приватна бања
Дополнителни удобности
- Обезбеден приватен паркинг за сите гости
- Вкупен капацитет: 16 лица, идеално за семејства, групи или парови
- Простор за оставање велосипеди
Check-in / Check-out
- Check-in: 14:00 часот
- Check-out: 10:00 часот
Услуги
Постелнината и пешкирите се менуваат на секоi 2–3 дена, со цел да се обезбеди свежина и комфор.
Дополнителни информации
- Сместување во мирна и тивка околина, идеална за релаксација
- Не е дозволено внесување домашни миленици
Со нетрпение очекуваме да Ве угостиме и да Ви овозможиме незаборавен престој во Стар Дојран.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Минимална цена за апартман од ноќ е 1.800 денари за 2 лица
- Цените варираат
- Клима
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Превисока цена за условите и недоволна хигиена
Zdravo, koja ke bide cenata za bracen par za period 15,16,17,18 avgust