Zdravo sakam da prasam dali e slobodno za 1vi i 2ri maj u pitanje se 15dusi i koja e cenata
Викендица на Попова Шапка за сместување до десет лица
Вилендицата се наоѓа на Попова Шапка во близина на ресторанот Бачило. Испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Викендицата располага со 3 нивоа/соби - На првото ниво има брачен кревет на
пуштање, на второто ниво има 2 кревети кои се пуштаат и стануваат брачни, и на
третото ниво (поткровје) има 2 поединечни кревети и еден голем брачен (може да
собере и до 3 лица)
Првото ниво/соба е кујна со трпезарија, греење на струја и
купатило со вц. Второто ниво/соба е дневна со греење на струја, ТВ, музички
систем и шанк. Третото ниво/соба е поткровје наменето само за спиење.
Има кујна на првото ниво, и е комплетно опремена (шпорет,
фрижидер и прибор)
Викендицата има wi-fi.
Викендицата нема приватен паркинг, но има паркинг веднаш пред
викендицата (на сама улица).
Максималниот капацитет е за 8-10 лица.
Во околината има 2 ресторани- Бачило и Нолис.
Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00- 12:00 часот
Клучот се подига од сопственикот на лице место ги пречекува
госитите.
Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од времетраењето
на престојот.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето нема простор за остава на велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила од ноќ во зимска сезона е околу 6500 до 7000 денари од ноќ
- Вилата се изнајмува на минимум 2 ноќевања и се изнајмува цела
- Греење
- TV
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 10 гости
- 10 кревети
од 14.000 ден