Дали имате слбоодно сместување 21-28 август, 2 возрасни и 2 деца
Сместување во Пештани на сама плажа
Вилата се наоѓа во строг центар на Пештани, прв ред покрај езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вилата има еден
апартман (за максимум 5 лица) и една соба за 3 лица.
Собата има сопствено купатило, 3 единечни кревети, тераса со
поглед на езеро. Има можност за користење на фрижидер и плинско за кафе.
Апартманот е 45м2, има спална соба со брачен кревет, дневна
соба со 2 каучи на клик клак (секој по 1.4м), тв, кабелска, опремена кујна,
купатило и тераса со поглед на езеро. Во целото сместување има wifi.
Вилата има Wi-Fi.
Има јавен бесплатен паркинг секаде околу сместувањето
Максималниот
капацитет во сите единици е за 8 лица.
Во околината има
плажа, детско игралиште, ресторани и маркети.
Во близина се
Градиште, Заливот на Коските, Национален парк Галичица.
Сместувањето се
наоѓа во центарот на Пештани, прв ред покрај езеро.
Check in: 12:00 часот
Check out: 10:00 часот
Клучот се подига
од домаќините.
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Во самиот влез на
вилата може да се остават велосипеди.
Сместувањето нема
клима.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- За јули и август, трокреветната соба 1500 ден ноќевање;
- апартманот 2400 ден за 4 лица; 3000 ден за 5 лица.
- Цените варират во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
od 29 juli do 05 avgust za trojca
Почитувани, ние сме брачен пар со две деца ( 6 и 11 години). Дали имате слободен престој за 24-25 и 26 мај ? Доколку имате, Ве молам цена и слики од сместувањето. Благодарам, Со почит, Ивана М. Ристовска
zdravo kolku e cenata na smestuvanjeto za dvajca vozrasni i dve decinja od 3 i 1.5 god.za od 01.08 do 07.08
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 12 гости
- 9 кревети
од 1.200 ден