Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Вила на сама плажа: Охридско езеро

Ohrid

Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините. 40% од вкупната сума се плаќаат најдоцна 4 недели пред пристигнување.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 5
Beds: 5
Check In: 14:00
Check Out: 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

За сместувањето

Вила покрај Охридското Езеро

Вилата се наоѓа на прекрасна локација со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон езерото. Сместена е во мирна викенд населба, само 5 минути возење од градот Охрид.

Сместување

Вилата располага со:

  • 1 спална соба со брачен кревет
  • 1 дневна соба со софа на развлекување за 2 лица
  • дополнителна софа за 1 лице

Максимален капацитет: 5 гости

Вилата е целосно опремена и располага со:

  • кујна
  • голема трпезариска маса на покриена тераса, заштитена од дожд
  • бесплатен Wi-Fi
  • приватен паркинг

Кујната е опремена со:

  • голем фрижидер
  • машина за кафе
  • тостер
  • електричен бокал
  • шпорет
  • комплетен прибор за готвење и јадење

(Во кујната нема рерна, машина за садови и микробранова печка.)

Локација и активности

Гостите имаат директен пристап до плажа и можат да користат:

  • бесплатни лежалки
  • кајаци за истражување на брегот
  • прекрасен поглед и мирна околина

Соседството е составено од викендички, што овозможува пријатен и релаксирачки престој.

Информации за престојот

  • Check-in: од 14:00 до 23:00 часот
  • Check-out: до 10:00 часот
  • Сопствениците ги пречекуваат гостите, ги предаваат клучевите и ги запознаваат со вилата и околината.
  • Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4-5 дена.

Дополнителни информации

  • Домашни миленици не се дозволени поради лесниот пристап до дворовите на соседните објекти и тешкото одржување на плажата.
  • Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на целиот објект кој се издава како еден апартман со приватен двор и пристап на плажа 7.000-16.000 денари за едно ноќевање
  • Сместувањето се издава на минимум 2 ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Кајаци

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Елена Станојевска 11.07.2024 12:14
Неверифициран

Здраво, Дали вилата е слободна сега од сабота 13.07.до среда 17.07.2024. Ние сме тројца возрасни, со две деца од кое едното бебе 6 месеци. Ви благодарам на одговорот

Stojmenova Marija 04.07.2024 16:18
Неверифициран

Bi sakale da bukirame od 14 do 18 juli Ama nie sme 6 dusi so 2 deca,ednoto dete e 7 godinki dali moze da ja bukirame taka? Fala vi odnapred

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од10,000 mkd