Ве молам за информација дали цената лпја е наведена е цена за апартманот од ден за период од 27.07 до 02.08.2024. Ви благодаеам
Модерни апартмани во Пештани
Сместување во Пештани. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Целосно опремени апартмани во Пештани на 30 метри од плажа. Апартманите
поседуваат опремени кујни.
Станува збор за ново
изградени апартмани со двор, сопствен паркинг, уредени во модерен стил и со цел да понудат комфор, удобност и приватност. Идеални за семејства и парови.
Апартманите имаат
Wi-Fi. Во непосредна близина има
маркети, а исто така ресторани и барови.
Сместувањето е во релативно тивка област, блиску до центарот
на Пештани и на неколку метри од плажа. Соседството е тивко.
Пријавувањето е по 13:00.
Одјавување е до 10:00
Клучот го дава домаќинот, за да им посака добредојде на гостите и да помогне за
било што и да треба. Пешкирите и постелнините се менуваат доколку гостите останат подолг период.
Може да се чуваат миленичиња во дворот но не и во
внатрешноста. Во апартманите има
простор за чување велосипеди.
Пештани има идеална географска поставеност. Сместено помеѓу Охрид и Свети Наум и под падините на Галичица, Пештани е идеална база за да го истражите Охрид и околината, а во исто време да уживате во најубавите зајдисонца кои некогаш ќе ги видите.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена на апартман од ноќ за едно семејство во сезона се движи и до 4500 денари
- Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- Паркинг
- Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.