Апартман во Куманово
Апартман во Куманово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Локација
Апартманот се наоѓа во населбата Зелен Рид, Куманово, во мирна област во близина на центарот на градот. Во непосредна близина има детско игралиште, супермаркет, а градскиот кеј е лесно достапен.
Сместување
Апартманот располага со:
- 1 спална соба
- 1 дневна соба
- 1 кујна
- 1 тераса
Во спалната соба има брачен кревет, додека во дневната соба има петосед на спуштање кој се трансформира во уште еден брачен кревет.
Кујната е целосно опремена со потребните реквизити.
Максималниот капацитет е за 4 лица, со вкупно 2 кревети.
Погодности
- Wi-Fi интернет
- Приватен паркинг
- Простор за оставање велосипеди (надвор)
- Греење и ладење со инвертер клима уред и греалка
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 12:00 часот
- Check-out: до 10:00 часот
Клучот се подига директно од домаќините.
Постелнината и пешкирите се менуваат при секоја промена на гости.
Домашни миленици не се дозволени.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел апартман: 2.500 денари за едно ноќевање
- Цена за 2 лица во сместувањето 2.000 денари за едно ноќевање
- Цена за 3 лица во сместувањето 2.300 денари за едно ноќевање
- Цена за 4 лица во сместувањето 2.500 денари за едно ноќевање
- Цената може да варира
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.