Се изнајмува цело сместување

Апартман во Охрид за 6 лица со две спални соби, две тераси, простран двор и бесплатен паркинг

Ohrid

Апартман во Охрид за 6 лица со две спални соби, две тераси, простран двор и бесплатен паркинг. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор по писмен пат со цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 6
Beds: 4
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Air Conditioned
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

За сместувањето

Простран и целосно опремен апартман во Охрид, сместен во населбата Гоце Делчев – Бараки, со капацитет за најмногу 6 лица. Сместувањето е идеално за семејства со деца, парови и групи пријатели кои бараат удобен престој во Охрид со лесен пристап до главните градски и туристички содржини.

Апартманот располага со две одделни спални соби, пространа дневна соба, комплетно опремена кујна, бања, две тераси и клима-уред.

Посебна предност на сместувањето е пространиот двор со простор за седење, дружење и релаксација на отворено.

Гостите имаат можност бесплатно да се паркираат непосредно пред куќата, а за љубителите на велосипедизмот е обезбеден простор за оставање велосипеди во гаража.

Локација

  • Град: Охрид
  • Адреса: ул. Партизански Одреди бр. 44
  • Населба: Гоце Делчев – Бараки
  • Област: Градска, станбена област

Капацитет и распоред на просториите

  • Максимален капацитет: 6 лица
  • Вкупен број соби: 3
  • Број на спални соби: 2
  • Прва спална соба: 1 брачен и 1 единечен кревет
  • Втора спална соба: 1 брачен и 1 единечен кревет
  • Посебна пространа дневна соба
  • Вкупен број кревети: 4
  • Брачни кревети: 2
  • Единечни кревети: 2

Опременост на апартманот

  • Две спални соби
  • Пространа дневна соба
  • Комплетно опремена кујна
  • Бања
  • Две тераси
  • Клима-уред
  • Постелнина и пешкири
  • Простран двор со простор за седење
  • Бесплатен паркинг пред објектот
  • Гаража за оставање велосипеди

Кујна

Апартманот располага со комплетно опремена кујна, погодна за самостојно подготвување и послужување оброци за време на престојот.

Двор и тераси

На гостите им се достапни две тераси и простран двор со место за седење, кој овозможува пријатен престој, дружење и одмор на отворено.

Греење и ладење

Греењето и ладењето на апартманот се регулираат преку клима-уред.

Интернет

Сместувањето не располага со Wi-Fi интернет.

Паркинг и простор за велосипеди

Гостите имаат можност бесплатно да ги паркираат своите возила непосредно пред куќата.

За гостите кои пристигнуваат со велосипеди е обезбеден простор за нивно оставање во гаража.

Што има во околината?

  • Супермаркети
  • Локални продавници
  • Аптеки
  • Центарот на Охрид
  • Градскиот плоштад
  • Старата охридска чаршија
  • Чинарот
  • Охридскиот кеј
  • Стариот дел на градот – Варош
  • Античкиот театар

Сместувањето се наоѓа во станбено соседство, со лесен пристап до центарот на Охрид, главните туристички атракции и содржините потребни за секојдневен престој.

Домашни миленици

Престојот со домашни миленици е дозволен.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат по секој престој, пред пристигнувањето на новите гости. При подолг престој, постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3–4 дена.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: Од 14:00 часот.
  • Check-out: До 11:00 часот.
  • Предавање на клучот: Лично од домаќините, кои престојуваат на другиот кат од објектот и ги пречекуваат гостите при пристигнувањето.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • 2 лица 1.400 денари
  • 4 лица 2.200 денари
  • 6 лица 3.000 денари
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од1,400 mkd