Супер домаќин

Апартмани во Радожда

Struga

Апартмани со базен во Радожда. Можете да извршите резервација со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 12
Кревети: 12
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

За сместувањето

За сместувањето

Објектот располага со два комфорно опремени апартмани, идеални за семејства, парови и групи кои сакаат мирен одмор покрај езеро.

Апартман на приземје

Апартманот на приземје има една одделна спална соба и е наменет за сместување на до 4 лица. Располага со еден брачен кревет и два единечни кревети, целосно опремена кујна, приватна бања и пространа тераса.

Апартман на кат

Апартманот на вториот кат има три одделни спални соби и пространа дневна соба. Две од спалните соби се опремени со брачен кревет, додека третата има еден единечен кревет. Апартманот располага со приватна бања, целосно опремена кујна и голема тераса. Максималниот капацитет е до 8 лица.

Удобности

Спалните соби се пространи и опремени со комплетна постелнина, пешкири и прекривки. Апартманот на приземје располага со ТВ, додека во апартманот на кат ТВ има во една од спалните соби.

Двата апартмани имаат целосно опремени кујни и бесплатен Wi-Fi интернет.

Паркинг

На располагање има гаража за едно возило, а во непосредна близина на објектот има простор за паркирање на дополнителни возила.

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа во мирна рурална средина, со прекрасен поглед кон езерото на исток и кон планината на запад. Соседството е тивко, пријателско и гостопримливо.

Во непосредна близина се наоѓаат неколку рибни ресторани познати по своите локални специјалитети.

Велосипедизам

Објектот располага со простор за складирање велосипеди. Околината нуди уредени велосипедски патеки и одлични можности за рекреативно возење околу езерото.

Пријавување и одјавување

Check-in: Флексибилно (со претходен договор со домаќинот)

Check-out: Флексибилно (со претходен договор со домаќинот)

Клучевите се подигаат директно од домаќинот.

Одржување

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3–4 дена.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за апартман на приземје: 3.000 денари за едно ноќевање
  • Цена за апартман на спрат: 4.400 денари за едно ноќевање
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Базен на отворено во сезона

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Blagoja Bakrevski 08.07.2024 11:36
Неверифициран

Baram smestaj od 29 juli do 3 avgust

Olivera Jovanovska 20.04.2024 13:36
Неверифициран

Здраво почитувани, кажете ми дали има двор или само делот со терасата е и дали е слободен 1и 2 мај. Благодарам однапред.

Лидија 24.08.2023 11:17
Неверифициран

Примате мали кученца.. .имам малтене со стекнати хигиенски навики...позз Лидија

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.000 ден