Супер беше се,само имаме мала забелешка за тушот во купатилото,не функционираше
Апартмани во срцето на Берово
Нови апартмани во Берово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
За сместувањето
Апартманите се наоѓаат во самиот центар на Берово, во близина на локални ресторани, продавници и природни атракции, вклучувајќи го и прекрасното Беровско Езеро.
Сместувањето располага со еден студио апартман и еден апартман, со вкупен капацитет до 6 лица, во зависност од распоредот.
Студио апартман
Студио апартманот располага со:
- Брачен кревет
- Опремена кујна
- Приватно купатило
- Гарнитура со механизам за спуштање
- Телевизор
- Балкон
Капацитетот е 2 возрасни лица, со можност за сместување на 2 возрасни + 2 деца.
Апартман
Апартманот располага со:
- Одделна спална соба со брачен кревет
- Опремена кујна
- Приватно купатило
- Гарнитура со механизам за спуштање
- Телевизор
- Балкон
Вкупниот капацитет е 4 лица.
Дополнителни погодности
- Опремена кујна во секој апартман
- Wi-Fi
- Климатизација за греење и ладење
- Паркинг
- Чиста постелнина и пешкири
- Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4 дена или по потреба
Пријавување и одјавување
- Check-in: 14:00 часот, со можност за флексибилно време
- Check-out: 11:00 часот, со можност за флексибилно време
- Клучот го предава домаќинот лично
Капацитет и кревети
Вкупниот капацитет зависи од типот на сместување:
- Апартман: до 4 лица
- Студио апартман: до 2 возрасни или 2 возрасни + 2 деца
Вкупно во двата апартмани има:
- 2 брачни кревети
- 2 гарнитури со механизам за спуштање
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цената се движи од 2.778 денари за наем на апартман од ноќ
- Цената е повисока за новогодишните празници
- Цената варира во зависност од бројот на лица и сезоната
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместуањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Комфорни и чисти апартмани. Супер опремени и блиску до центар на Берово.
Super smeshtaj vo odlicna lokacija, mnogu cisto, ima i ubava terasa i opremena kujna, i parking odma pred vrata. Lesno se komunicirase so sopstvenicite.
Локација супер, ако сакате да шетате во Берово. Но не е чистено, особено тоалетот. 3