Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Шармантна вила во Маврово идеална за патувачи со стил

Mavrovo

Објектот располага е на 3 спрата во оригиналниот Мавровски стил. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 8
Кревети: 8
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Pet Friendly

За сместувањето

За вилата

Оваа типична мавровска куќа нуди простор за одмор и релаксација, со прекрасен поглед од терасата. Се наоѓа во мирно и пријатно соседство, во близина на локални ресторани, Старата потопена црква и шумата. Продавницата „Гордана“ е оддалечена околу 1 км, а скијачките терени околу 2 км.

Распоред и капацитет

  • Приземје: билијард и пинг-понг
  • Прв кат: голема дневна соба, кујна и WC
  • Втор кат: две соби и бања со туш-кабина
    • Една соба со два единечни кревета
    • Една соба со брачен кревет
  • Трет кат: четири единечни кревети

Опременост

  • Wi-Fi
  • Телевизор од 55 инчи
  • Телевизори во две соби
  • Панелни греалки во собите
  • Тераса
  • Целосно опремена кујна со прибор за јадење и готвење
  • Билијард и пинг-понг

За сите кревети се обезбедени по два комплета постелнина.

Паркинг

Вилата нема приватен паркинг. Во лето обично има доволно простор за паркирање во околината. Во зима, како и кај другите викендички, се паркира покрај главната улица. Паркингот го користат гостите на околните куќи.

Дополнителни информации

  • Пријавување: флексибилно
  • Одјавување: флексибилно
  • Домашни миленици се дозволени
  • Има простор за оставање велосипеди

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Martina 12.08.2024 14:38
Верифициран

Во однос на претходните коментари што ги прочитавме, ние имавме различно искуство. Хигиената беше 0, освен постелнината на креветите. Тука би сакала да потенцирам дека целата остава беше зафатена со туѓи алишта и чорапи. Кујната беше леплива, приборот, подот во кујната, а гарнитурата со флеки. Хигиената во тоалетите беше исто така многу лоша, што објаснува зошто нема слики од нив на огласот. Најгорниот спрат беше тотално ненаместен и имавме впечаток дека куќата не е целокупно исчистена откако е сликана за огласот. Крпи немаше на ниту еден кревет како на сликите, што е основна потреба. Коментаров може уште многу замерки да опфати, но мислиме дека е доволно за да го долови искуството. Цената по која се изнајмува е тотално апсурдна.

Marko Bogoevski 18.11.2024 19:39
Неверифициран

Moze li da se rezervira za 8 lica, datum 30 do 2 januari?

Ceyda Selim 11.03.2023 14:59
Неверифициран

Vila Cuki e praviot izbor za vas, pravoto mesto za druzhba i zabava so vashite najbliski. Ima prekrasen pogled, dobra lokacija i super usluzhliv domakjin! ✌️

Птедраг Поповски 27.02.2023 22:50
Неверифициран

Povolna cena, odgovorni domakjini, prekrasna lokacija i sovrshen pogled, celosno planinsko iskustvo za site ljubiteli na priroda, vredi da se poseti, kje bidete prijatno iznenadeni.

Елена Новакоска 10.02.2023 08:11
Неверифициран

Одлична локација на вилата.Снабдена во секој поглед,одлична за дружење.Има билјард,пинг понг,музика.Топло е во секоја соба.Чисто,средено.Топло ја препорачувам!

Ненад 28.01.2023 21:36
Неверифициран

Супер вила, опремена со се што би ви затребало. Одлична локација, прекрасен поглед. Погодна и за поголемо друштво

Матеа Матева 27.01.2023 01:11
Неверифициран

Вилата е на одлична локација , мирно место за одмор и релаксација. Опремена е во секој поглед, буквално може да најдете на се што ќе помислите од домаќинство и техника! Можност за сместување на група луѓе со гарантиран комфорт. Поседува многу убав двор на 2 спрата со преубав поглед во падините на планината Бистра. Има можност за рекреација со пинг понг маса ,билијард и разни друштвени игри Повеќе пати сум била и не планирам да ја сменам ! Топло ја препорачувам 10/10

Filip Nedelkovski 26.01.2023 23:58
Неверифициран

Вилата е одлична за дружби и уживање. Има камин, повеќе соби за спиење, кревети на поткровје со преубав поглед и тераси што ги фаќа сонце цел ден. Има билјард, пин пог, скара, музика, се што ти треба. Чисто и средено од луѓето кои ја имаат.

Даница 26.01.2023 23:57
Неверифициран

Имам прекрасни спомени од вилата, сум била и зимско и летно време, а во зима е едноставно магична. Преубаво место за одмор, за поминување време со друштво или со партнерот. Вилата е многу голема и пространа, одлично опремена и средена. Со друштвото секогаш сме уживале во дворот и во погледот од вилата, а особено и во играњето пинг понг и билијард, сме правеле кино атмосфера, и сме уживале со пијачки покрај каминот. Топла препорака моја е да се избере оваа вила за релаксација, и најголема пофалба до љубезните и ведри домаќини :))

Андреј Лазарков 26.01.2023 22:45
Неверифициран

Одлична локација, а воедно и убав поглед од терасата. Пријатна атмосфера за поминување на времето. Нудат различни друштвени игри. Лесно достапна локација веднаш над патот. Во близина има кафани, продавници. Газдите се супер услужливи!!

Boris Kakurinov 26.01.2023 22:42
Неверифициран

Одлично место за дружба со друштво и одмарање, подалеку од гужви и со преубав поглед. Препорачувам 10/10. Сум бил 100 пати и би одел уште толку. :)

Metodi Pendarovski 26.01.2023 20:08
Неверифициран

Одлична локација и одлично сместување.Поседува пинг понг,билјард,карти и разни други друштвени игри.Супер хост !

Kate 25.01.2023 20:49
Неверифициран

Топ смештај за планински доживљај! Вилата е пространа, голема дневна, кујна целосно со прибор опремена, спални соби одвоени, простор со билијард и пинг понг, и дворче за уживанција. Локацијата исто е супер, одма над патот. Препорачувам дефинитивно!

Бојана 25.01.2023 20:40
Неверифициран

Одлично место за релаксација. Внатре е топло, чисто и пријатно, плус е pet friendly :))) Погледот е преубав, а дворчето одлично за утринско кафе. Вилата е лесно достапна и блиску до главната улица. We will be back soon!

Андреј Ташков 25.01.2023 19:16
Неверифициран

Вилата е одлична,идеална за повеќе луѓе.Ги има сите комодитети,добро опремена кујна,пространа дневна,две купатила,друштвени игри во подрумот…Локацијата е добра,во непосредна близина има продавница,кафани,а и ски центарот не е премногу далеку пеш.Газдите се љубезни,достапни во секое време за било каква потреба :)

Filip 23.01.2023 11:28
Неверифициран

Супер е вилата, посебно собичките горе се многу cozy. Дворчето е прекрасно и има преубав поглед, посебно од сабајле. Домаќините се супер:) Супер место за дружење и поголема екипа.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од9.000 ден