Супер домаќин

Konak Hilltop Lodge & Villa: Крушево

Krushevo

Апартмани во Крушево. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 16
Кревети: 16
Check In: 14:00
Check Out: 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Pet Friendly

За сместувањето

Konak Hilltop Lodge & Villa се наоѓа во Крушево на ул. Манчу Матак бб- Крушево, во хотелска зона, на 650 м воздушно на десно од Хотел Панорама, во правец накај жичара. Точната локација можете да ја погледнете најдоле на мапата.

Објектот располага со 4 соби , од кои 2 со камин и поглед на планина и имаат 2 единечни кревети, моментално споени во еден кинг сајз кревет и зашрафени.

Другите две соби се делукс соби со транспарентен туш, панорамски поглед на Крушево и брачен кревет. Располагаме и со два апартмани, со панорамски поглед на Крушево, со  сопствена днева и мини кујна во секој од нив, во секој по еден брачен кревет и по еден дополнителен лежај на пуштање.

Објектот има вкупен капацитет за 16 лица.

Собите имаат подно греење, сопствено купатило, мини фрижидерче, бокал за греење вода, кафе, чај, СМАРТ лед тв со кабелска, 5G Wi-Fi, Free Netflix, фенови за коса, бесплатни тоалетни производи.

Двата апартмани имаат сопствени кујни опремени со решо на индукција, микробранова печка, фрижидерче и комплет прибор.

Кујните се опремени со се што треба за спремање на брз оброк и за припрема на кафе/чајче.

Објектот има бесплатен Wi-Fi.

Објектот има приватен паркинг со ограничен број на возила. Доколку капацитетот е полн, има градски паркинг во непосредна близина, или паркинг кој не се наплаќа дополнително.

 

Check in: После 14:00 часот

Check out: Најдоцна до 10:00 часот


Клучот се подига од сопствениците или пак од одговорни лица за вилата.

Постелнина и пешкири се менуваат секој трет ден, по барање на гостите и порано.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за оставање велосипеди. За миленик се доплаќа 500 денари од ноќ.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • 2.000 ден- стандард соба со задна ориентација за 2 лица
  • 2.500 ден- делукс соби со поглед на Крушево за 2 лица
  • 2.700 ден - 2+2 апартман со посебна спална и поглед на Крушево
  • 3.600 ден - апартман со поглед и сопствена кујна
  • 4.000 ден- 4 +1 апартман со посебна спална соба и поглед на Крушево
  • 6.000 ден - студио со џакузи во центар - он топ апартмент
  • Цената варира во зависност од предиодот и бројот на ноќевање
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг
  • Луксузно сместување

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Елена Шојлева 13.04.2025 11:48
Неверифициран

Здраво, Сакаме да дојдеме 18 и 19 Април. Дали ви е слободно? Но, ние сме пар со дете од 6 ипол години затоа ни е битно освен брачниот да има уште еден кревет. Ве молам пишете ми. Благодарам.

Jovana Malezanska 13.01.2025 09:41
Неверифициран

Сместување за пар со две мали деца за период од 16 до 19 јануари. Благодарам

Slavce Jovanovski 03.01.2025 20:15
Неверифициран

Dali moze ponuda za 2 osobi za 11do13

Aleksandra Stan2kovska 16.12.2024 15:16
Неверифициран

Dali imate slobodno od 02.01.2025 do 04.01.2025

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.000 ден