Кој датуми ги имаш слободни за јануари месец 2025 мене ми требат датумите од 01 -12 додека се децата на распуст ќе може еден број за контакт ве молам поздрав.
Пространа вила: Попова Шапка, Македонија
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Опис на вилата
Вилата располага со вкупна површина од 138 м² и нуди простран и функционален простор, погоден за сместување на поголеми групи и семејства.
Сместувачки капацитет и спални соби
На горниот кат се наоѓаат три спални соби опремени со единечни кревети, кои по потреба може да се спојат и да формираат брачни кревети. На овој кат има вкупно 9 кревети.
Дополнително, во дневната соба на долниот кат има три троседи на развлекување, кои може да се користат како дополнителни места за спиење.
Кујна и дневен престој
На долниот кат се наоѓа целосно опремена кујна со бела техника, која овозможува самостојна подготовка на оброци. Кујната располага со шпорет, фрижидер и кујнски прибор и садови за вкупно 16 лица.
Во овој дел има и трпезариска маса, како и дневна соба со три троседи на развлекување.
Дополнителна опрема и удобности
Телевизор.
Едно купатило со постојано достапна топла вода.
Греење на електрична енергија и дрва.
Паркинг
Вилата располага со приватен паркинг за две возила. Во близина има и јавен паркинг со можност за паркирање на дополнителен број возила.
Локација и ресторани
На околу 100 метри од вилата се наоѓаат два ресторани, што овозможува лесен пристап до угостителски услуги и можност за оброци во непосредна близина.
Пријавување и одјавување
Check-in: Од 09:00 часот наутро, доколку вилата е слободна претходната ноќ. Доколку вилата е зафатена, пријавувањето е по 13:00 часот.
Check-out: До 12:00 часот напладне.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила e од 10.000 денари за едно ноќевање
- Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Греење/Ладење
- Приватен паркинг за 2 автомобили
- ТВ
- Опремена кујна
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
- Wi-Fi
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 10 гости
- 10 кревети
од 14.000 ден
- 8 гости
- 5 кревети
од 15.000 ден