- 2 гости
- 1 кревети
од 3.500 ден
Апартмани во Скопје. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот располага со една спална соба со еден брачен кревет.
Апартманот е
комплетно опремен. Спалната соба е опремена со брачен кревет
(180x200cm), две наткасни и голем плакар.Апартманот се наоѓа на 12 кат, има
поглед кон планината Водно и 24 часа обезбедување.
Станот има една кујна, и е опремена со сите потребни апарати,
машина за садови, микробранова, шпорет и фрижидер.
Објектот има WIFI.
Има приватен затворен паркинг, под зградата.
Во објектот можат да се сместат максимум 3 лица
Станот се наоѓа во центарот на Скопје, во непосредна близина
на ресторани, маркети, пиљари и продавници за секаков вид потреби.
На еден километар од апартманот, десет минутно пешачење е
плоштадот Македонија, Триумфалната капија и самиот центар на градот.
Се наоѓа во урбана средина, опколен со се што може да ви
биде потребно.
Соседството е одлично,
пријателски настроено.
Check in: 14:00 часот.
Check out: 11:00 часот.
Клучот се подига
од домаќинот.
Постелнината и
пешкирите се менуваат на 7 дена доколку гостите се задржат подолго.
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Има простор за велосипеди внатре во зградата, со 24 часа
обезбедување.
Вкупен број на
кревети во објектот: 2 кревета.
Има централно греење и инвентер клима за ладење.
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Сè уште нема рецензии. Бидете први.
од 3.500 ден
од 2.500 ден
Разговорот го води автоматски асистент и може да згреши. Приватност