Апартмани во Црна Гора: Ново Насеље

Crna Gora

Апартмани во Црна Гора: Ново Насеље. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 11
Beds: 11
Check In: 13:00
Check Out: 12:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi

За сместувањето

Вилата располага со 4 апартмани, кои располагаат со 2 дупли кревети, 2 единечни и помошни.

Секој апартман располага со сопствена потполно опремена кујна, тоалет, клима уред, телевизор, интернет, пешкири, постелнини, кујнски прибор и тераса.

Кујните се потполно опремени со фрижидер, рингли, кујнски асортиман, а еден од апартманите поседува и рерна.

Вилата има бесплатен Wi-Fi и паркинг.

Еден апартман има капацитет за 5-6 лица.

Вилата се наоѓа во мирна област во Ново Насеље.

Гостите може да се сместат во секој период од денот.

Одјавувањето е од 10:00-12:00 часот секој ден.

Клучот се подига од самото сместување.

Не е дозволен влез за домашни миленици.

Сместувањето е на само 9 километри од старата тврдина во Котор која може да се посети. На 6 километри се наоѓа новата атракција и градот Порто Монтенегро, а на 15 километри се наоѓа ексклузивниот полуостров Св. Стефан.

Првата песочна плажа е на 800 метри каде се наоѓа и ресторанот и бар Плаво Хоризонт, а на 1 километар се наоѓаат уште неколку песочни плажи кои се во непосредна близина на штотуку изградениот луксузен град Луштица. За оние кои бараат возење со автомобил, треба да ја посетат и плажата Алмара која е на 2 километри.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Најниска цена за наем на цел апартман
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/ Ладење
  • Опремена кујна
  • Wi-Fi/ ТВ
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Aleksandar 19.06.2024 22:34
Неверифициран

Zdravo dali ima sloboden apartman za 02.08do10.08 i koja e cenat vi blagodaram

Габриела 24.06.2021 12:44
Неверифициран

Zdravo,koja cena e za 3 lica vo period od 15.08 za 7 nokji

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од1,537 mkd