Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Сместување во селското домаќинство во село Сирково

Kavadarci

Сместувањето се наоѓа во село Сирково, на крајот на селото, последната куќа во прекрасно зелено опкружување. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 4
Beds: 4
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Pool
Clean Air

За сместувањето

Локација
Вилата се наоѓа во село Сирково, во природно опкружување на јужното подножје на планината Клепа, во близина на река и идеално место за прошетки и одмор.

Сместувачки капацитет
Дрвена куќичка со капацитет до 4 лица.

Соби и кревети
Еден брачен кревет за две лица и гарнитура за дневен престој која се расклопува и овозможува спиење за уште едно или две лица.

Опременост
Куќичката располага со три прозори со комарници, телевизор, клима уред, мал фрижидер и бокал за загревање вода.

Кујна и храна
Објектот нема кујна, но домаќините нудат храна како дел од понудата. На располагање има и надворешна скара/фурна и пушница.

Wi-Fi
Обезбеден бесплатен интернет.

Паркинг
Достапен приватен паркинг.

Околина и дополнителни содржини
Вилата има сопствена тераса со поглед кон реката и приватен двор. Во склоп на објектот има базен кој е достапен за користење во текот на сезоната. Соседството е оддалечено, што овозможува целосен мир и приватност.

Check-in
Флексибилно, во зависност од пристигнувањето на гостите (ручек или вечера). Најдоцно до 22:00 часот.

Check-out
До 12:00 часот, по појадок.

Предавање на клуч
Клучот се подига од домаќините.

Хигиена
Постелнината и пешкирите се менуваат секој ден.

Домашни миленици
Не се дозволени во внатрешноста на објектот од хигиенски причини.

Дополнително
Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Ноќевање со појадок за две лица изнесува 2500 денари
  • За повеќе од две лица цената се намалува
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Ручек
  • Вечера

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од2,500 mkd