Вила на Охридско езеро

Ohrid

Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со контакт број за резервација. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации на мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 13
Beds: 10
Check In: 11:00
Check Out: 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

За сместувањето

Вилата располага со 4 студиа. Две студиа опремени се со брачни кревети 200x190 и по два поединечни кревети 200x90 со вкупна површина од 35м2 од студио.

Третото студио е со вкупна повтшина од 45м2 со капацитет за три лица. Студиото е опремено е со кујна, брачен кревет 200x190 и еден единечен кревет 200x90

Четвртото студио со вкупна површина од 20м2 со капацитет за две лица. Опремено со брачен кревет 200x190.

Сите студиа се хотелски наместени, со посебни тоалети и туш кабини. Опремени се со клима уреди, мини бар, ТВ, Wi-Fi. Сите студиа имаат балкони.

Само едно студио е со комлет опремена кујна.

Сите студиа имаат Wi-Fi.

Вилата располага со сопствен паркинг за 4 возила. Паркингот е во дворно место од вилата.

Максималниот број на гости кои може да се сместат е: 13 лица.

Во близина на само 30 метри е кејот на Охридското езеро, Хотел Тино, Тино Паб, Аириш паб, хотел Ројал,Топ маркет, Црквата Св. Никола.

Сместувањето се наоѓа во строг центар на тивко и мирно место. Нема бучава.

Соседството е дружељубливо, мирно соседство.

Check in: По 11:00 часот
Check out: 10:00 часот

Клучот се подига од сопствениците на вилата.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2 дена. По барањето на гостите може и секојдневно.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има безбеден простор за остава на велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на студио се движи од 30 до 50 евра во зависност од периодот
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Sofija Donevski 16.08.2024 10:29
Неверифициран

Zdravi, Dali ima 2 slobodni apartmani za 17 do 18 avgust? Ve molam za odgovor.

сања мицева 26.07.2024 09:25
Неверифициран

Здраво, дали има слободно од 07.08 до 11.08 и која е цената за 2јца возрасни и 2 деца на возраст од 6 год и 2 год?

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3,075 mkd