Вилата е на супер локација, многу блиску до Куманово. Опремена е со многу садови, маси, столици.. Исто така се е ново и чисто. Домаќините се одлични за соработка. Топла препорака
Дрвена вила со базен во борова шума во Стрезовце
Дрвена вила со базен во Стрезовце. Можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл, вибер и смс со вкупна цена по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Уникатна вила – Стрезовце, Куманово
Уникатна вила изградена во планински стил, опкружена со борова шума која обезбедува целосна приватност. Се наоѓа во регионот на Стрезовце, во близина на Куманово, во мирна рурална средина на 300 метри надморска височина.
Сместување
Вилата е нова и може да се резервира за до 8 возрасни лица и 2 деца. Располага со 4 спални соби и 8 кревети, идеална за семејства и групи.
Опременост
Вилата нуди комплетна удобност и вклучува:
- целосно опремена кујна
- Wi-Fi интернет
- пространа дневна зона
- камина на дрва
- инвертер клима (греење/ладење)
Двор и дополнителни погодности
Во дворот има летен сезонски базен, совршен за летно освежување. Обезбеден е приватен паркинг за 5 возила, како и простор за велосипеди.
Околина
Во непосредна близина се наоѓаат:
- Пчиња (на 300 м)
- Манастир Прохор Пчински
- Црква Св. Јован Богослов
- Етно село Тимчевски
- Ресторан Визиана
- Селско домаќинство Невена
Оваа локација нуди идеални услови за прошетки, природа и релаксација.
Амбиент
Вилата се наоѓа во тивко и мирно соседство, совршено за приватен одмор и бегство од градската врева.
Пријава и одјава
- Check-in: од 13:00 часот (или по договор)
- Check-out: до 11:00 часот (или по договор)
Клучот се подига од сопственикот.
Дополнителни информации
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2 дена, како и по секое заминување на гостите.
Политика
Домашни миленици се дозволени.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Сместување за 2 лица – 5.200 денари
- Сместување за 4 лица – 6.200 денари
- Сместување за 6 лица – 8.000 денари
- Сместување од 8 до 10 лица – 10.000 денари
- Сместување од 10 до 12 лица – 12.000 денари
- Наем без ноќевање за 6 до 12 лица – 9.000 денари
- За прослави од 12 лица – 15.000 денари
- Цената може да биде повисока за празници како Нова Година, 1-ви Мај...
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Прекрасно место за вистински одмор! 🏡✨ Вилата е чиста, уредна и многу пријатна, а базенот е одличен и совршен за опуштање. Околината е мирна и нуди целосна приватност, идеално за бегство од градската гужва. Домаќините се љубезни и гостопримливи и се погрижиле да имаме сè што ни е потребно. Поминавме прекрасно и со задоволство би се вратиле повторно. Топла препорака! ❤️🌿🏊♀️
Вилата е прекрасна, целосно опремена со се што може да ви затреба, нема ни една маана. Базенот совршен, локацијата прекрасна... децата си поминаа најубаво, големите си поминаа најубаво, дефинитивно ќе се вратиме пак
Super mesto za odmor. I vilata i mestoto 10ka.
Прекрасно искуство, секоја препорака!
10/10
Здраво, Вилата е одлична за поголемо друштво до 10 луѓе кои сакаат да уживаат за викенд. Има простран двор, убав базен и прекрасен поглед.
Одлично сместување
Zdravo sakam da rezerviram za slavenje rogendan pa ako moze da me kontaktirate ☺️
Zdravo interesira me za vikendicu, sakam da slavu diplomsku, ke imam okolo 40 duse,koja cena, kako e slobodna za juli mesec i dali bi mogala da si viknu bend na njuma?
Здраво како е со слободни термини во август Или ако може да се слушнеме телефонски 070 346 746
Zdravo bracen par so dve mali deca kolku kje cini od never? Fala 070324221