Се изнајмува цело сместување

Апартмани за престој во Скопје

Skopje

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 28
Кревети: 28
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Гастрономско

За сместувањето

Сместувањето располага со вкупно 6 соби, од кои во 4 има по еден брачен кревет, една софа на спуштање и една фотелја на спуштање, во една од собите има брачен кревет и софа на спуштање и една соба со брачен кревет и еден box spring кревет кој по потреба може да биде брачен и два поединечни.

Собите располагаат со:

  • клима уред греење/ладење;
  • flat- screen TV;
  • кабловска телевизија;
  • француски балкон;
  • тоалет;
  • простор за седење кој располага со софа на спуштање, масичка, две табуретки како и фотеља на спуштање;
  • поглед кон градот;
  • плакар;
  • електричен бокал;
  • минибар ( за добредојде гостите имаат вклучено во цената вода, каросани, кафе и чај)
  • звучно изолирани соби,
  • бесплатен WI FI интернет;
  • тоалетна хартија
  • пешкири
  • постелнина
  • фен
  • туш
  • козметички сет во тоалетот
  • сеф
  • пегла
  • даска за пеглање
  • чаши за вода
  • филџани за кафе
  • електронски брави
  • непушачки  соби

Една од собите располага со комплетно опремена кујна.

Во целиот хотел има бесплатен wi-fi интернет.

Хотелот нема приватен паркинг но гостите може да се паркираат бесплатно на самата улица пред хотелот.

Максималниот капацитет е 28 гости.

Планината Водно се наоѓа на 500 метри оддалеченост од хотелот, најблискиот маркет е на 100 метри оддалеченост, најпознатите ресторани и барови на 300 метри оддалеченост од хотелот.

Сместувањето се наоѓа во мирна област во населба Козле опкружена со семјни куќи и малку прометна улица.

Соседството е мирно опкружено со семејни куќи и малку прометна улица.

Chec in: 14:00 часот.
Check out: 11:00 часот.

Работното време на рецепцијата е од 8 до 11 часот но објектот е опремен со електронски брави и за да влезат гостите во објектот и во собите им се праќа по мејл или телефон еден ден пред пристигнувањето бројот и на соба и кодот кој го користат и за влез на главната врата како и за влез во собата. После 14 часот гостите може во било кое време да влезат во собата. 

Постелнината се менува после секое трето ноќевање а пешкирите доколку е потребно и порано.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.


Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цените се по лице за ноќевање со вклучен појадок:
  • Ноќевање за едно лице со вклучен појадок 48 евра (2976мкд)
  • Ноќевање за две лица со вклучен појадок 55 евра (3410мкд)
  • Ноќевање за три лица со вклучен појадок 75 евра ( 4650мкд)
  • Ноќевање за четири лица со вклуичен појадок 86 евра (5332мкд)
  • Ноќевање за пет лица со вклучен појадок 96 ева (5952 мкд)
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Опција за self check-in

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.976 ден