Еднособен апартман во Аеродром, Скопје
Еднособен апартман во Скопје, можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Станува збор за еднособен апартман со еден брачен кревет и гарнитура на развлекување.
Кујна; тоалет со туш кабина; дневен простор со гарнитура,
масичка и смарт ТВ; дел со брачен кревет и плакар; дел со маса за јадење;
тераса.
Целосно опремена кујна: фрижидер, стаклено-керамичка плотна,
вграден аспиратор, вградена фурна, кујнски бојлер, кујнски прибор за готвење,
јадење и пиење. Исто така сјај, сунѓерче за садови и средства за чистење.
Стабилна
Wi-Fi конекција.
Паркинг има во самата зграда но потребна е претходна најава.
Истиот се наплаќа 300 денари од ден.
Максимален капацитет:2
лица + 1 лице опционо
Во околината има
ресторани, пицерии, кафе-барови, бутици, маркети, бензиска станица,
игротеки, училиште, градинка. Во близина се наоѓаат главната автобуска и
железничка станица.
Сместувањето се наоѓа во урбана средина. Од училишниот двор
и градинка ќе слушнете детски џагор што за момент ќе Ве врати во детството и со
сигурност ќе измами насмевки на Вашето лице. Скопската автобуска и железничка
станица е оддалечена на само 7 минути пешачење.
Соседството е воглавно мирно, односно вообичаено за населба
со голем број на жители.
Check in: 14:00 - 16:00
Check out: 10:00 - 12:00
Клучот се подигнува од домаќинот.
Постелнината и
пешкирите се менуваат на секое менување на гостите, а во секој момент
достапни се чисти пешкири и постелини во плакарот.
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Вкупен број на
кревети во објектот: 2 кревета.
Греење/Ладење:
Клима уред со можност за греење и
ладење како централно парно греење.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица во сместувањето 1,800.00 ден
- Цена за 3 лица во сместувањето 2,300.00 ден
- Цената може да биде повисока за празници
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
- Паркинг
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 12 гости
- 3 кревети
од 10.000 ден