Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Етно вила во село Зовиќ: Мариово

Mariovo 5,01 рецензии

Погледнете ја цената за наем на вилата, доколку ви одговара испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 4
Beds: 4
Air Conditioned
Parking
Clean Air
Несекојдневно
Pet Friendly

За сместувањето

Опис на сместување
Ова прекрасно сместување е идеално за гости кои бараат мир, удобност и удобни сервисни услуги во природно опкружување.

Спални и капацитет
Вилата располага со една спална соба опремена со еден брачен кревет и два единечни кревети. Максималниот капацитет е 4 гости, со можност за договор за уште едно лице.

Опрема и удобности
кујната е целосно опремена за секојдневно готвење. Греењето се обезбедува преку клима и камин, според желбата на гостите, а во целата вила има Wi‑Fi. За најмалите гости е обезбедено детско катче.

Паркинг и рекреација
Објектот располага со приватен паркинг и простор за чување велосипеди, а домаќините нудат и можност за изнајмување велосипеди.

Локација и околина
Сместувањето се наоѓа во мирно и тивко соседство. Во непосредна близина е филмскиот мост на Милчо Манчевски, а околните предели нудат можности за пешачење и планинарење.

Услови за престој
При викенд престој (од петок попладне до недела) сместувањето се организира по договор со домаќините. Клучот се подига директно од домаќинот. За подолг престој, постелнината и пешкирите се менуваат според потреба. Сместувањето дозволува домашни миленици.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за едно ноќевање за двајца од 5.000 денари
  • За работни денови цената ќе ви ја пишат домаќините при испраќање на барање за резервација
  • Греење/Ладење

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

5,0 · 1 рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Jasmina Gjorgjeska 12.10.2026 18:56
Верифициран

Прекрасна етно куќа во селото Зовиќ во битолско Мариово, изградена со многу голем мерак и емоција која ние гостите ја почувствувавме во секое негово катче.Топло ја препорачуваме за престој,воопшто нема да се покаете. Чистота десетка, а за домаќините едно најголемо благодарам за нивното искрено и топло гостопримство!♥️🌹🌹🌹🙏

Tamara Lampeva 02.01.2025 14:52
Верифициран

Вилата е преубава,поубава и од сликите.Преубаво уредено,многу чисто и опремена со се.Домаќините се предобри и не пречекаа многу убаво.Местото е мирно ќе сакаш да останеш многу подолгу. Домаќините ни дадоа се што ни беше потребно и не испратија преубаво исто така.10/10

Susan Beleska 13.05.2024 08:14
Неверифициран

Could we get this translated into English please? Many thanks Susan

Ненад Пешовски 12.09.2023 22:41
Неверифициран

Прекрасна вила, одлични и гостопримливи домаќини, чисто и уредно,опремена со се што ти треба, бевме 3 дена, со 2 мали деца и поминавме супер,се на се незаборавно искуство, дефинитивно одиме пак

Кристијан Радојчиќ 26.06.2023 22:28
Неверифициран

Мир, тишина и спокој. Вилата е прекрасна, добро уредена. Се на се чиста 10ка...Гостопримливи домаќини,ќе добиете се што ви е потребно за добар одмор од градскиот метеж и брзиот начин на живот.Тука ќе ги наполните батериите и дефинитивно резервирајте си нај малце една недела престој...

Vladimir Chagorovski 17.05.2023 17:28
Неверифициран

Odlicna vila za prodolzen vikend. Avtencino izgradena vo star stil, gazdite se odlicni.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од5,000 mkd