Dali e slobodno na 19 /20 dve nokevanja 4 vozrasni i tri deca do 10 godini pozz
Вила во Маврово за 8 лица
Вила во Маврово, можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации преку мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вилата се наоѓа
во туристичката населба Крстови 2.
Вилата располага
со 4 соби, од кои 2 спални соби со брачни кревети, една соба со брачен кревет и
еден поединечен кревет и 1 дневен престој.
Сите соби имаат
кревети и шкафови.
Вилата има опремена
кујна којашто се наоѓа на првиот спрат.
Вилата има Wi-Fi.
Вилата има приватен
паркинг.
Вилата се наоѓа
во близина на Hotel Rey.
Вилата се наоѓа
во околина која доколку има снег не е проодна со автомобил, а гостите треба од
главниот пат да стигнат пеш до вилата.
Околу вилата има
околу 10 други викендици.
Check in: Флексибилно
(Со претходен договор)
Check out: Флексибилно (Со претходен
договор)
Клучот се подига
од домаќините на сместувањето.
Постелнината и пешкирите
се менуваат во договор со домаќините.
Сместувањето
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цената за наем на вилата во зимскиот период е 6000 денари од ноќ
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.