Се изнајмува цело сместување

Вила во село Битуше

Mavrovo

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 4
Beds: 4
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Parking
Clean Air

За сместувањето

Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри.

Селото е сместено на повисока тераса, под врвот Крчин.Оддалечено е 35 километри југозападно од Маврово и 20 километри северно од Дебар. Самото село е целосно сместено во атарот на националниот парк „Маврово“.


Сместувачкиот капацитет се наоѓа во с.Битуше и располага со 3 соби, од кои две се опремени со 4 кревети (1 кревет на спрат и два одделни кревети,кои согласно потребите може да се спојат во брачен кревет).Третата соба е опремена со 4 поединечни кревети кои можат да се пренаменат во брачни. Во моментов нема wi-fi и приватен паркинг.Максималниот сместувачки капацитет е 9 особи, а објектот располага со една заедничка кујна,заеднички дел за дневен престој и санитарен чвор.Кујната е комплетно опремена со фрижидер,шпорет и потребен прибор за готвење и јадење,кои им се во целост на располагање на посетителите.Постелнините и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, пријавувањето на гостите е после 13 часот,додека напуштањето на собите е најдоцна до 11 часот.


Во непосредна близина на објектот се наоѓа манастирот “ Св.Јован Бигорски”, водопадот “Дуф”,Дебарско езеро и женскиот манастир “Рајчица”.Во селото Битуше има повеќе знаменитости кои можат да бидат интересни за посетителите,меѓу кои црквата “Св.Илија”, “Св.Архангел Михаил”, “Св. Спас”, манастирскиот скит од “Св.Јован Бигорски”- Св. Кирил и Методиј,како и повеќе селски чешми со ладна и питка вода.Во селото се наоѓа и првата македонска печатница.

За љубителите на планинарење на располагање е планинарската атракција- врвот “Крчин” со 2350 м., “Вели врв” и езерата “Локув”, а за љубителите на риболовот, на само неколку километри од селото се наоѓа и познатата река Радика.

Клучот на вилата се зема и се враќа кај сопственикот.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ноќевање
  • Кујна
  • Купатило/тоалет
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Трансфер до сместувањето

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Дејан Трајковски 23.08.2022 17:50
Неверифициран

Здраво Јоцо, пробувам да те добијам на мобилниот ама нон стоп ме исфрлува. Минатата година бев на кратка посета во Битуше кај тебе и ми го даде бројот за случај ако ми треба резервација за сместување. Ако си во можност заѕвони ми на 070 244858 Дејан, да се слушнеме. Поздрав и само за убаво… од Огненовци

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од800 mkd