Хотел Панорама, Крушево: Македонија
Хотел Панорама, Крушево: Македонија.Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Хотел Панорама – Крушево
Локација
Хотел Панорама е сместување со 4 ѕвезди, лоциран во Крушево. Со модерна архитектура и елегантен ентериер, хотелот нуди прекрасен панорамски поглед кон околните пејзажи, додека густата шума во близина создава мирна и релаксирачка атмосфера. Хотелот е одличен избор за семејни одмори, бизнис патувања и истражување на Крушево и околината. Се наоѓа на само 600 метри од центарот на градот.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 26 соби и апартмани, и тоа:
- 18 двокреветни соби
- 2 трокреветни соби
- 6 апартмани
Сите сместувачки единици имаат импресивен панорамски поглед кон Крушево, освен еден Јуниор апартман кој има поглед кон шумата. Вкупниот капацитет на хотелот е 62 гости.
Опрема во собите
Сите соби се модерно опремени со:
- сопствена бања
- бесплатни тоалетни производи
- фен за коса
- гардеробер и полици
- ТВ со кабелски канали
- телефон
- опремена тераса/балкон
- бесплатен Wi-Fi во целиот хотел
Рецепција
- Достапна 24/7
Check-in / Check-out
- Check-in: 14:00 – 23:30
- Check-out: 10:30 – 11:00
Спа и спортски содржини
Гостите имаат на располагање:
- затворен базен
- спа и велнес центар со различни видови масажи
- сауна и џакузи
- фитнес центар
Дополнителни услуги
- Бесплатен паркинг за гостите
- Конференциска сала (капацитет до 50 лица) за состаноци, семинари, обуки и тим-билдинг настани
- Ресторан со врвна гастрономија и прекрасен поглед
Зимски бенефити
Во зимскиот период, гостите на хотелот имаат 50% попуст за користење на жичарницата и ски-лифтовите.
Домашни миленици
Домашни миленици не се дозволени.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за ноќевање со појадок за 2 лица и со вклучено користење на СПА центар изнесува 6.448 денари од ден
- Цената може да биде повисока за празници и во ек на сезона
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/TV
- SPA
- Туристичка такса
- Оваа цена се однесува за соби од категорија на "двокреветна соба BB"
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Многу љубезен и пријатен персонал.Вреди да се посети повторно
zdravo jas sum ANdrej NIkolovski od Bitola imam zavrseno sredno ugostitelsko za kuvar imam diploma baram rabota za pomosnik kuvar
здраво јас сум АНдреј Николовски од Битола имам завршено средно угостителско за кувар барам работа во хотелот за помошник кувар