Супер домаќин

Хотел Royal View & SPA: Охрид, Македонија

Ohrid

Хотел Royal View & SPA: Охрид, Македонија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 90
Кревети: 42
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Wi-Fi
СПА
Гастрономско

За сместувањето

Хотел Royal View & SPA: Охрид, Македонија

Хотел со четири ѕвездички, сместен на брегот на Охридското езеро. Во непосредна близина на центарот на градот, стариот град, историско-културни атракции, ресторани, кафулиња и плажи.

Хотелот Royal View располага со различни типови на соби и апартмани, прилагодени на различни потреби на гостите. 

1. Royal View Suite: Луксузен апартман со пространа дневна соба, одделна спална соба и бања со џакузи. Нуди прекрасен поглед кон Охридското Езеро и стариот град.

2. Superior Suite со страничен поглед на езерото: Апартман со дневна соба, одделна главна спална соба и дополнителна единечна соба. Балконот од дневната соба обезбедува спектакуларен поглед на езерото и стариот град.

3. Семејна соба со страничен поглед на езерото: Пространа соба со една заедничка бања, централно климатизирање и два балкони. Главната спална соба е опремена со кралски кревет и сопствен балкон, додека дополнителната соба има единечен кревет.

4. Семејна соба без поглед на езерото: Двособна семејна соба со површина од 48м², идеална за семејни патувања. Главната спална соба има кралски кревет и сопствен балкон, додека втората соба располага со два единечни кревети.

5. Соба со поглед на езерото: Соба со современ мебел од дрво и модерен дизајн. Повеќето соби нудат поглед на Охридското Езеро, во зависност од достапноста.

6. Стандардна соба: Удобна соба со топол и пријатен декор, опремена со балкон и сите неопходни удобности.

Сите соби се опремени со модерни удобности како што се централно подно греење и ладење, кабелска телевизија, директна телефонска линија, фен за коса, голем LED телевизор и мини бар. Повеќето соби имаат балкон со поглед кон езерото или градот.

Бесплатен Wi-Fi низ целиот хотел.

СПА центарот на хотелот располага со топла када, сауна и парна бања. Достапен и фитнес центар, масажи и третмани за убавина. 

Во самиот хотел има ресторан во кој може да се ужива во богати кулинарски деликатеси од македонската и интернационалната кујна.

Во непосредна близина на хотелот има јавен паркинг, за кој не е возможна претходна резервација. Јавниот паркинг се наплаќа.

Не е дозволен влез на домашни миленици.

Check-in: 14:00
Check-out: 11:00

Достапна рецепција на хотелот 24/7.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за ноќевање со појадок за 2 лица од ден:
  • Период 05.01-01.04-2025 изнесува 3.970 денари
  • Период 01.04-30.06.2025 изнесува 4.650 денари
  • Период 01.07-30.09 2025 изнесува 5.270 денари
  • Период 01.10-25.12 2025 изнесува 4.650 денари
  • Период 02.01.2026-01.04.2026 изнесува 4.340 денари
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Туристичка такса
  • Оваа цена се однесува за соби од категорија на Двокреветна/Твин стандард

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.970 ден