Прекрасна локација во природа. Мирно место покрај река, со сите потребни услови, вода, чешма, туш, тоалет, фрижидер, струја.
Кампување на реката Треска, Долна Матка
Престој во кампот можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете инфо со цена и инструкции на мејл, па потоа можете да потврдите. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Обезбедениот и сигурен простор за кампување се наоѓа во близина
на селото Шишево, на самото течение на реклата Треска.
Има капацитет за кампување до 35/40 лица или вкупно 17/20 шатори.
Камп просторот има обезбеден паркинг простор за 4 до 6 возила.
Има обезбедено 2 тоалета, 2 купатила.
Зони за релаксација.
Летна Кујна достапна на сите кампери со фрижидер, шпорет,
две локации за правење скара, простор за огниште.
Просторот има Wi-Fi.
Check in: 11:00 часот
Check out: Флексибилно
Околината нуди атракции како капење во реката Треска,
кајакарење, прошетки во природа, искачување на карпи, посета на пештерата врело
и така натаму.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор
за остава на велосипеди.
Местото има лежалки, хамаци и големи маси.
Кањонот Матка е на 2 километри со сите негови атракци, а во
селото на 700м има продавница.
Кампот се наоѓа во викенд населба со викендици.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена по лице за ноќевање со сопствен шатор
- Цената вклучува и користење на сите ресурси на кампот како интернет, тоалети, кујна, масички и столчиња, простор, скара
- За поголеми групи треба да се уплати депозит при самата резервација се со цел да се резервира целиот простор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.