Моментално не работи

Мотел на Клепало, Беровско езеро

Berovo

Апартмани. Мотел Клепало. За да резервирате треба да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете повратен одговор на мејл со цена. Доколку ви одговара цената ќе извршите резервација. Резервациите преку мејл се најбезбедни за вас.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 24
Кревети: 24
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано
Несекојдневно

За сместувањето

Објектот располага со 9 соби од кои 2 се апартмани
Двокреветни брачни соби се 4 соби
Единечни соби со по 2 кревети се 3 соби
Објектот има капацитет за вкупно 24 гости да престојуваат во ист момент.

Се наоѓа на 17 километри од Берово на надморска височина од 1250 метри.

Собите располагаат со кревет, плакар, наткасна и секоја соба има свој тоалет и купатило. Апартманите располагаат со плакар, наткасна, тросет и ТВ. Во склоп на мотелот има и кујна која гостите може да ја користат за подготвување на своја храна, а исто така има и фурни и скари на отворени кои им се на располагање на гостите. Кујната е опремена со сите елементи кои што се потребни за готвење.

Објектот е премен со wi-fi и располага со приватен паркинг. Во околината има прекрасна шума, а мотелот е опколен со бор и бука. Објектот се наоѓа на 500 метри од Бугарската граница и во прекрасна шума. Во радиус од 1 километар нема други објекти.

Гостите може да се најават во било кое време од денот.
Гостите може да ја напушаат собата кога ќе посакат во текот на денот.

Клучот се подига од самото место.

Не е дозволен влез на домашни миленици, а објектот располага со простор за оставање на велосипеди.

Во околината може да се посети Бачило кој е на 20 минути оддалечено од мотелот. Исто така да се искористат и патеките, или да се собира чај или печурки.
Во околината на мотелот има патеки за планинарење коишто се одбележани, а исто така постојат и велосипедски патеки. За туристите кои се заљубени во гастрономијата, над самиот мотел има бачило каде се произведува домашно сирење и кашкавал, како и разни домашни сокови од диви јагоди, диви малини и диви капини.

Клепало е сон за секој кој бара чист воздух со огроман количина на кислород. Мотелот се наоѓа на 7 километри од Беровското Езеро и е во срцето на Малешевијата.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на соба за 2 лица од ноќевање од 2,000 денари
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Wi-Fi
  • TV
  • Паркинг
  • Заедничка кујна за користење
  • Фурна
  • Скари на отворено

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Renato Trajkovski 19.03.2026 19:44
Неверифициран

Zdravo zaenteresiran sum za rezervacija za od 1vi maj do 3ti kolku bi iznasalo prestoj za dvajca

Sanja Gorgiev 26.08.2024 00:47
Неверифициран

Zdravo sakam da prasam dali ima slobodno mesto za 27 28 i 29.08 i kolku e cenata za 3te noki ili za 2 nokevanja vi blagodaram odnapred

Dejan Eftimov 11.12.2023 22:29
Неверифициран

Dali imate slobodno za 8 lica za 31vi dekemvri i 1vi januari?

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации