Zdravo za 4 lica koga e slobodna vilata ke ve zamolam za prv pat I Dali e privatna kaźete mi vi blagodaram čekam odgovor
Нова вила со базен во Стрезовце достапна на Кајак.мк
Вила со базен во Стрезовце, село Војник. Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Цената е фиксна, доколку ви одговара испратете барање се селектирање на датумот. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на мејл и на смс во текот на денот. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Основни информации
Вилата со базен во Стрезовце располага со 4 соби, при што секоја соба има софа на развлекување за 2 лица.
Капацитет
Максимален капацитет: 9 лица
Вкупен број на кревети: 6
Кујна
Вилата располага со две целосно опремени кујни, едната на приземје, а другата на прв кат.
Удобности
Обезбедени се: Wi-Fi интернет, приватен паркинг за 4 возила и простор за оставање велосипеди.
Греење и ладење
Вилата нуди парно греење и клима уред за ладење.
Локација и околина
Пред вилата има река, соседството е мирно и тивко, а во близина се наоѓаат ресторан, бензинска пумпа и манастир.
Check-in / Check-out
Check-in: 11:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Дополнителни информации
Клучот се подига од домаќините.
Постелнината и пешкирите се менуваат секојдневно.
Вилата се издава исклучиво како целина, без издавање на поединечни соби или спратови.
Не е дозволен влез на домашни миленици.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила е 12.000 денари со двата спрата до 8 лица
- Цената е фиксна за наем на цела вила до 8 лица
- Доколку се изнајмува до 4 лица цената е 150 евра (само за прв спрат)
- Доколку се изнајмува за еднодневна прослава може да се резерва само прв спрат по цена од 150 евра
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
- Летен сезонски базен
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.