Јас сум презадоволен од пансионот.Кога дојдов, собата беше изладена,чиста.Преубав поглед, персоналот е многу услужлив.Доручекот е навистина богат, тоа што се служи за еден е доволно за тројца. Јадењето е превкусно во ресторанот.Вреди да се посети, јас сигурно ќе дојдам повторно.
Пансион Кутмичевица: Вевчани
За да резервирате престој во пансион Кутмичевица, потребно е да испратите барање со селектирање на терминот и број на гости. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Пансион Кутмичевица – Вевчани
Локација
Пансионот Кутмичевица се наоѓа во општина Вевчани, во горниот дел на селото, со прекрасен панорамски поглед кон околните планини, селата, Охридското Езеро, Струга и Охрид.
Во близина (3–5 минути пешачење) се наоѓаат Вевчанските извори, главната селска црква Св. Никола и центарот на општината.
Сместување
Во склоп на ресторанот има две соби.
Секоја соба располага со:
- брачен и единечен кревет
- сопствено WC
- клима уред
- телевизор
- тераса
- пешкири според бројот на гости (со можност за дополнителни по барање)
Интернет и паркинг
- Бесплатен Wi-Fi во сите простории
- Бесплатен паркинг за до 5 возила
Check-in / Check-out
Check-in: од 10:00 часот (доколку има слободни соби, може и веднаш по пристигнување, до крај на работното време на ресторанот, со претходна најава)
Check-out: до 11:00 часот (можно продолжување до 13:00 часот доколку има слободни соби)
Клучеви
Клучевите се подигнуваат на рецепцијата во ресторанот, кој е во склоп на објектот.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Ноќевање за двајца од 2.750 денари
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
здраво, дали е дозволен престој со мало домашно куче?
Почитувани, Дали цените се сеуште тие,или се други.Сакам да ве запрашам за информација дали може преноќиште за брачен пар. Со Почит, Илија
dali seuste se ovie ceni 800/900den
Драга Наташа. Добивте одговор на мејлот кој ви е оставен на профилот. Секое добро
Pocituvani, Me interesira za cenata, od sto zavisi dali kje bide 800 ili 900 denari za vozrasni lica i dali se plakja za deca (na koja vozrast)? So kolku kreveti se sobite? So pocit, Natasa