Селска викендица со базен и целосна приватност
Викендица во Драгоманце. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
За оние кои бараат приватност и уживање во спокој, преку Кајак.мк може да се резервира оваа нова викендица со современа градба и нов ентериер.
Локација
Викендицата се наоѓа во близина на реката Пчиња и езерото Драгоманче, во близина на Кокино, музејот на АСНОМ, во недопрена природна средина.
Сместување
Викендицата располага со 4 соби и вкупно 4 кревети, со комбинација од брачни и поединечни кревети
Максимален капацитет: до 7 лица
Опременост
Викендицата има целосно опремена кујна
Достапен е Wi-Fi
Обезбеден е приватен паркинг
Околина
Во непосредна близина има река и езеро, а недалеку се наоѓаат Кокино (мегалитска опсерваторија), Пелинце, меморијалниот центар АСНОМ и други културно-историски локалитети
Сместувањето е во мирна и природна средина
Check-in / Check-out
Check-in: 11:30 – 23:00 часот
Check-out: 10:00 – 11:00 часот
Клуч
Клучот се подига од домаќинот
Одржување
Постелнината се менува на секои 3 дена
Дополнителни услови
Дозволен е влез на домашни миленици
Има простор за остава на велосипеди
Греење / Ладење
Климатизер и греење на цврсто гориво
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цената ја добивате соодветно на вашето барање
- Цената може да варира и да биде повисока за празници и сезона
- Греење/Ладење
- TV
- Сезонски базен
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Прекрасна вила, нова, чиста и преубаво средена. Домаќините се супер и се тука за се што треба. Базенот е навистина добро изграден и е голем плус. Вилата има паркинг за повеќе возила и е направена на начин што добивате голема приватност од сите страни. 10/10 и дефинитивно вреди да се посети.
Прекрасно место доколку сакате да избегате од секојдневието.
Одлично, прекрасна вила со сите комоции, чисто и мирно место, убав и чист базен, коректен и услужлив газда! 10/10
Се е направено со мерак и многу љубов. Вилата е пречиста и преубаво уредена, ги има сите потребни елементи, огромен двор, паркинг.Околината е мирна така да уживавме во црцорењето на птиците и чистиот воздух. Секоја пофалба за домаќините !!! Вреди да се посети
Прекрасна вила, преубав двор, БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА! Престојувавме 4 дена, викендицата има се што е потребно за живеење, не само за викенд. Домаќинете се прекрасни луѓе кои ни излегоа во пресрет за се што требаше. Околината е мирна, далеку од секаква бука и галама. Дворот е вистински рај, базенот е плус, за разладување (водата во базенот е кристално чиста, филтрирана, сменета). Приватен паркинг во самата вила. Дворот излегува на реката Пчиња, има кеј за прошетка на самата река. Чистотата внатре и во дворот е нешто што мора да се напомене, се чувствувате како да се сте први луѓе кои престојуваат. :) Се на се' 10/10. Идеално за луѓе кои сакаат мир, далеку од градскиот метеж.
Zdravo dali ja iznajmuvate vilata I ako ja iznajmuvate sum zainteresiran za nova godina koja bi bila cena
Zdravo, Zainteresirani sme da ja iznajmime vikendicata za 2 nokji. Koja e cenata po nokj za 2 nokji od 25ti Juli do 27mi Juli?
Zdravo za rezervacija za utre moze broj ili pa kako ?
Zdravo ,za rezervacija...