Супер домаќин

Сместување во Љубојно, Преспа – планински и рурален одмор со приватен паркинг и капацитет до 15 лица

Prespa

Сместување во Љубојно, Преспа – планински и рурален одмор со приватен паркинг и капацитет до 15 лица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 15
Кревети: 15
Check In: 12:00
Check Out: 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Pet Friendly

За сместувањето

Сместување во преспанското село Љубојно, идеално за љубителите на природата, руралниот туризам, планинарењето и истражувањето на Преспанскиот регион.

Објектот располага со четири одделни соби, заедничка кујна и трпезарија, Wi-Fi интернет, приватен паркинг и максимален капацитет за 15 гости.

Сместувањето е погодно за семејства, парови, групи пријатели, планинари и велосипедисти кои сакаат да ги истражуваат Преспанското Езеро, околните села, планините, црквите и манастирите.

Можноста за наем на целиот објект го прави сместувањето одличен избор и за поголеми организирани групи.

Локација

  • Место: Село Љубојно
  • Регион: Преспа
  • Област: Рурална средина
  • Координати: 40.8950367, 21.1417431

Капацитет и распоред на собите

Објектот располага со четири одделни соби:

  • 2 двокреветни соби со сопствен тоалет
  • 1 трокреветна соба со заеднички тоалет
  • 1 четирикреветна соба со заеднички тоалет
  • Вкупен број кревети: 13 стандардни кревети и 2 помошни легла
  • Максимален капацитет на целиот објект: 15 лица

Опременост на сместувањето

  • Четири одделни соби
  • Сопствени и заеднички тоалети, во зависност од собата
  • Заедничка кујна
  • Заедничка трпезарија
  • Wi-Fi интернет
  • Централно греење
  • Приватен паркинг
  • Надворешен простор за оставање велосипеди

Кујна и трпезарија

Објектот располага со заедничка кујна и трпезарија, наменети за користење од гостите. Собите не располагаат со индивидуални кујни.

Греење и ладење

Објектот располага со централно греење кое функционира во периодот од октомври до мај.

Сместувањето не располага со климатизација.

Интернет

На гостите им е достапен Wi-Fi интернет.

Паркинг и простор за велосипеди

Објектот располага со приватен паркинг за гостите, како и надворешен простор за оставање велосипеди.

Што има во околината?

Местоположбата на сместувањето овозможува истражување на природните убавини, културното наследство и традиционалните села во Преспанскиот регион.

Гостите можат да посетат:

  • Преспанско Езеро
  • Традиционални преспански села
  • Цркви и манастири
  • Национален парк Пелистер
  • Национален парк Галичица
  • Мала Преспа во Албанија
  • Градот Корча во Албанија
  • Околните планински предели

Сместувањето претставува одлична почетна точка за прошетки во природа, планинарење, велосипедизам, рурален туризам и истражување на поширокиот Преспански регион.

Домашни миленици

Престојот со домашни миленици е дозволен.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од должината на престојот.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: По 12:00 часот.
  • Check-out: Пред 10:00 часот.
  • Предавање на клучот: Лично од сопственикот.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице за едно ноќевање: 1.000 денари
  • Цена за 2 лица: 2.000 денари
  • Цена за 3 лица: 3.000 денари
  • Цена за наем на целиот објект: 15.000 денари
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење преку зима, (Лето не е потребно ладење)
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.000 ден