Good evening I wanted to ask if your apartment is available from July 2nd to July 10th, 2025. We are three people, my wife and our baby. We also have two small dogs, a Chihuahua and a Pomeranian. How much would that cost us from July 2nd to July 10th, 2025? Thank you
Студиа во Охрид во близина на кејот на езерото
Студио во Охрид. Сместување во Охрид. Доколку сакате да извршите резервација потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот, по испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вилата располага со:
- Студио на приземје со приватен двор, со брачен king-size кревет и софа на пуштање
- 4 двокреветни соби, од кои една е со два единечни кревети, а останатите три со брачни queen-size кревети
- Приватен паркинг
- Опремена кујна и мини кујна
- Тераси со поглед кон Охридското Езеро и стариот дел на Охрид
- Фрижидери
- Клима уреди
- Фенови
- Бесплатен Wi-Fi интернет
Кујна:
Кујната е опремена со шпорет, мини шпорет, фрижидер, садови за готвење, чинии, чаши и прибор за јадење.
Капацитет:
Сместувањето има максимален капацитет за 10 возрасни лица и 2 деца.
Локација:
Вилата се наоѓа на втора линија од Охридското Езеро, на помалку од 30 метри од самиот кеј. Областа изобилува со ресторани и кафулиња и е идеална за пријатни прошетки покрај езерото.
На околу 10 минути пешачење се наоѓаат Охридската чаршија, стариот дел на градот и прекрасните Билјанини Извори.
Сместувањето е блиску до сите главни случувања и атракции, но истовремено се наоѓа во мирна и пријатна околина.
Check-in / Check-out
- Пријава (Check-in): од 14:00 часот или по договор надвор од високата сезона
- Одјава (Check-out): до 10:00 часот или по договор надвор од високата сезона
Дополнителни информации
- Клучот се подига од домаќините.
- Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена доколку престојот е подолг, или по барање на гостите.
- Домашните миленици се дозволени.
- Има простор за оставање велосипеди.
- Сместувањето има приватен двор.
- Вкупен број на кревети: 6 + 2
- Греење/ладење: Клима уреди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел објект: 10.000 денари за едно ноќевање
- Цена за 2 лица во сместувањето 2.200 денари за едно ноќевање
- Цена за 3 лица во сместувањето 3.000 денари за едно ноќевање
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.