Zdravo, Dali imate dva slobodni apartmani za dve Familii za 17 do 18 avgust? Ve molam za odgovor
Вила со базен во населба Рача: Охридско езеро
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Модерна вила со базен, фитнес центар и сауна во близина на најпознатите плажи во Охрид
Локација
Вилата се наоѓа во мирната населба Рача во Охрид и нуди идеален спој на спокој, удобност и одлична локација. Плажите Голден Бич и Егоист се оддалечени само 300 метри, додека до центарот на Охрид се стигнува за само 7 минути со автомобил.
Сместена на падините на планината Галичица, вилата нуди пријатна и релаксирачка атмосфера опкружена со природа, што ја прави одличен избор за гости кои бараат мирен одмор.
Сместување
Вилата располага со 12 комплетно опремени апартмани, и тоа:
- Двособни апартмани
- Еднособни апартмани
- Студио апартмани
Секој апартман располага со:
- Сопствена бања
- Комплетно опремена кујна
- Бесплатен Wi-Fi интернет
- Приватна тераса
- Модерен и удобен ентериер
Поголем дел од апартманите нудат прекрасен поглед кон градот Охрид.
По претходно барање може да се обезбеди детско креветче за бебиња и мали деца.
Велнес и рекреација
На располагање на гостите се:
- Надворешен базен
- Фитнес центар
- Сауна
За љубителите на планинарењето може да се организира и водич за планински тури.
Паркинг и дополнителни содржини
Вилата располага со приватен паркинг простор за најмногу 14 возила.
Дополнително, на гостите им се достапни:
- Посебна просторија за складирање велосипеди
- Рецепција и поддршка од персонал во текот на целиот ден
Околина
Мирната околина и природното опкружување создаваат идеални услови за одмор и релаксација. Плажите се наоѓаат на само неколку минути од вилата, а близината на Галичица нуди одлични можности за прошетки, планинарење и активности на отворено.
Политика за домашни миленици
Во вилата се дозволени мали домашни миленици, како што се пудлици и чивави.
Пријавување и одјавување
Пријавување (Check-in): од 14:00 часот
Одјавување (Check-out): до 10:30 часот
Клучевите се подигаат на рецепција, каде што персоналот е достапен во текот на целиот ден.
Хигиена и одржување
Постелнината и пешкирите се менуваат редовно за време на престојот, со цел да се обезбеди максимална удобност и чистота за сите гости.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Минимална цена од ноќ за студио за 2 лица е од 3.100 денари
- Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Цените може да ги погледнете во табелата во галерија
- Ладење/Греење
- ТВ/Wi-Fi
- Базен на користење
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Good evening, Do you still have an apartment available for 5 people from Thursday, August 8, 2024 to Tuesday, August 20, 2024? If so, how much are the costs? I would love to hear from you. Greeting, K.A. van der Linde Добро попладне, Дали сè уште имате достапен стан за 5 лица од четврток 08.08.2024 до вторник 20.08.2024? Ако е така, колку се трошоците? Би сакал да слушнам од тебе. Поздрав, К.А. ван дер Линде