Платена соба си ја изнајмиле на странци..?!
Вила на кејот на Охридско езеро
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вилата се наоѓа на Кеј Македонија, веднаш на езерската променада во Охрид, и нуди одлична локација за гостите кои сакаат да уживаат во убавините на езерото, градските знаменитости, рестораните и кафулињата кои се наоѓаат на кратко пешачење.
Објектот располага со 8 соби и 1 апартман, со вкупно 20 кревети. Сите единици се комплетно опремени и располагаат со:
- сопствено купатило
- фен за коса
- телевизор со преку 100 канали
- фрижидер
- гардеробер
4 соби имаат тераса со поглед кон езерото, додека останатите 4 соби немаат тераса. Апартманот има приватна тераса со поглед на езеро и дополнителна кујна.
Важно е да се напомене дека само апартманот располага со кујна.
Вилата нуди:
- Wi-Fi интернет
- обезбедени картички за гости за градскиот паркинг веднаш пред вилата
- лоби и рецепција
- дворче кое гостите можат да го користат
- простор за остава на велосипеди
Максималниот капацитет на сместувањето е 23–24 гости, со вклучени дополнителни лежаи во поголемите соби.
Локацијата е една од најголемите предности на вилата. Се наоѓа во близина на Хотел Палас, во самиот центар на Охрид, опкружена со бројни ресторани, кафулиња и места за прошетка. Најблиската плажа е на само 5 минути пешачење, а гостите можат да уживаат и во капење директно од кејот.
Во непосредна близина се наоѓаат:
- Луна Парк
- возење со катамарани до Св. Наум
- пешачки прошетки низ стариот дел на Охрид
Сместувањето се наоѓа во мирно и пријатно соседство, исполнето со локални фамилијарни луѓе и други сместувачки објекти.
Check-in: после 14:00 часот (доколку собата е подготвена порано, можно е порано сместување)
Check-out: до 10:00 часот
Клучот се подига на рецепција, која работи од 10:00 до 22:00 часот.
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, а по барање на гостите може да се прилагоди и почесто.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.
Греењето е на панелни греалки и клима уреди, додека ладењето е со клима уреди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица во сместувањето 3.750 денари за едно ноќевање
- Цена за 3 лица во сместувањето ___ денари за едно ноќевање
- Цена за 4 лица во сместувањето 4.800 денари за едно ноќевање
- Цените варираат во зависност од периодот
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
18.01 18.30h do 21.01 14h 2vozrasni i deca 15 i 5god Imame potreba od 1/3 studio so balkon kon ezero. Ve molam vkupna cena za 3 noki
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 23 гости
- 23 кревети
од 2.200 ден