Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Вила со базен, џакузи, тениско игралиште и сауна

Skopje

Вилата со базен можете да ја резервирате за престој. Испратете барање за резервација со пополнување на формуларот и очекувајте одговор со вкупна цена на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 12
Кревети: 10
Check In: 10:00
Check Out: 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
За Забави
Несекојдневно
Pet Friendly

За сместувањето

Локација и опис на сместувањето

Вила сместена во мирна, пошумена област во околината на Скопје, на патот кон Велес, во близина на селото Дрма. Локацијата е лесно достапна од автопатот, а истовремено нуди приватност, спокој и доволно простор за одмор и рекреација, далеку од градската бучава.

Комплексот се простира на површина од 2.500 м² и се состои од главна вила и гостинска куќа со приземје и поткровје, наменета за ноќевање. Објектот располага со вкупно 6 соби и капацитет за сместување на 10–12 гости.

Во текот на зимскиот период, гостите имаат можност да ги користат и затворените простории, кои нудат дополнителни содржини за дружење, забава и релаксација.

Сместувачки капацитет и опременост

  • Вкупно 6 соби во вилата и гостинската куќа

  • Капацитет за ноќевање на 10–12 гости

  • Две целосно опремени кујни

  • Климатизирани соби со плакари

  • Wi-Fi интернет

  • Три санитарни јазли со тоалети

  • Приватен паркинг со капацитет за околу 30 возила

Содржини за спорт и рекреација

Вилата располага со разновидни содржини за активен одмор, спорт и забава. На гостите им се достапни:

  • Надворешен базен

  • Џакузи

  • Сауна

  • Тениско игралиште

  • Машина за исфрлање тениски топчиња за тренинг

  • Маси за пинг-понг

  • Справи за вежбање

  • Боксерска вреќа

  • Шаховски табли

На приземјето од вилата е уреден посебен затворен простор за рекреација, спортски активности и дружење, кој овозможува дополнителна забава и во текот на зимските денови.

Надворешен простор и дополнителни содржини

Надворешниот дел на вилата е уреден со многу зелени површини и содржини за релаксација. На располагање се летна кујна, лежалки со мини-масички, конопи и повеќе места за седење и дружење.

Комбинацијата од базен, џакузи, тениско игралиште и пространа зелена површина создава идеални услови за семејни собири, пријателски дружби и приватни прослави.

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа во пошумена област, без непосредно соседство, што овозможува мир, приватност и целосно уживање во природното опкружување. Благодарение на близината до автопатот, пристапот е едноставен и брз од Скопје и Велес.

Информации за престојот

  • Пријавување (Check-in): од 10:00 часот

  • Одјавување (Check-out): до 10:00 часот

  • Подигнување на клучевите: директно од домаќините

  • Промена на постелнина и пешкири: на секои 3 дена

  • Домашни миленици: дозволени

  • Велосипеди: има надворешен простор за нивно оставање

  • Приватен паркинг: капацитет за околу 30 возила

Цени за изнајмување

Цените се движат од 250 до 700 евра, во зависност од избраниот студио-апартман или простор за изнајмување.

За кого е наменета вилата?

Вилата е одличен избор за семејни собири, пријателски дружби, викенд-бегство од градот и организирање приватни настани. Благодарение на богатата понуда на внатрешни и надворешни содржини, како и можноста за користење на затворените простории во зимскиот период, претставува одлична опција за одмор и рекреација во текот на целата година.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Наем на вилата за ноќевање: од 15.375 до 46.125 денари.
  • Наем на вилата за 12 часа: од 46.125 денари.
  • Се што нуди вилата е вклучено во цената: Базен, џакузи, сауна, тениско игралиште
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од15.375 ден