Вила во Крушево идеална за цело друштво
Сместување во Крушево. Студио, апартман или цела вила можете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вилата располага со капацитет за 25 лица и е идеално сместување за поголеми групи, семејства или друштва кои сакаат да престојуваат заедно. Објектот располага со 6 студиа и 1 апартман, а се наоѓа на одлична локација, на само 300 метри од жичарницата и на околу 15 минути пешачење од Спомен-куќата на Тоше Проески.
Сместување
Секое студио и апартман располага со:
- Мини кујна
- Приватно купатило
- Тераса
- Телевизор
- Интернет
Распоред на сместувачките единици:
- 2 студиа на поткровје – трикреветни:
Располагаат со брачен кревет и фотелја на развлекување. - 1 студио на поткровје – двокреветно:
Располага со еден брачен кревет. - 3 студиа на прв кат – до 4 лица:
Располагаат со брачен кревет, единечен кревет и фотелја на развлекување. - Апартман на приземје:
Располага со брачен кревет, два единечни кревети и дополнителен кревет.
Покрај индивидуалните кујни во студијата и апартманот, вилата располага и со заедничка кујна и дневна соба на приземје, погодни за дружење на поголеми групи.
Содржини и опременост:
- Бесплатен Wi-Fi
- Приватен бесплатен паркинг пред и околу вилата
- Простор за оставање велосипеди
Локација и околина
Вилата се наоѓа во мирно соседство, а во непосредна близина има:
- Парк
- Кафеани
- Пицерии
- Градски пазар
Жичарницата се наоѓа на само 300 метри од вилата.
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 11:00 часот
- Check-out: до 10:30 часот
Клучот се подига директно од домаќините.
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена или по потреба.
Дополнителни информации
- Домашни миленици не се дозволени.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цената се движи од 2.400 денари за едно ноќевање за двајца
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Ubava kukja, ljubezni domakjini.
Многу места сме посетиле, но ова е без дилема едно од најубавите.Љубезни домаќини кој ве прифаќаат како да сте дел од нивната фамилија.Чисто и отмено. Апартманите поседуваат се што е потребно за идиличен престој.Кој сака да ужива без дилема треба да го одбере ова ова местото.Со сигурност ние повторно ќе го одбереме. Искрена препорака
Sakam da rezerviram za 24 I 25 February za 4 vozrasni
Petok .sabota 2cvozrsni 2 deca
Здраво да прашам за 5 ноќевања од 13 .01.2025 година кза двајца возрасни и две деца едно 5 год друго 9 години колку е смештајот? Поздрав,Весна
Ke ve molam Cena za dve nokjevanja,dvajca vozrasni I edno dete 4 god. Od 26 januari do 28 januari